Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (13 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Се чувствувате добро во поголемо друштво каде вниманието е насочено кон вас и постојано се трудите некого да фасцинирате. Имате многу идеи во врска со работата со младите лица но не сте сигурни дали ќе бидат прифатени на прав начин од вашите колеги.

Јарец

Не треба да ги потценувате своите работни способности, но немојте ниту да се преценувате. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос. Потрудете се да ги контролирате мааните. Пред вас има доволно поволни моменти

Водолија

Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со колегите или познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од еден обичен поздрав. Напорите кои ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат.

Риби

Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите проблеми во врска со љубовта.

1 2 3

Прегледи:
1010
Објавено на:
12.09.2018