Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (30 АВГУСТ, 2018)

Овен

Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари.

Бик

Доколку сте планирале приватен бизнис, сега е можност за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, разработете заедно некој нов бизнис. Доколку веќе работите приватно, овој период ќе биде сјаен за вас. Обидете се да ги искористите сите бенефити кои ќе ви бидат понудени.

Близнаци

Пријателите или вашиот партнер нема да комуницираат со вас на вообичаен начин. Нешто има пречи на вашите драги лица, но тие не сакаат сега да разговараат за тоа. Дури и ако започнете да ги распрашувате, нема да ви одговорат. Може да добиете сосема спротивна реакција од онаа која ја очекувате.

Рак

Денес конечно ќе соберете смелост и ќе поведете храбри битки. Се разбира, вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја имате на памет е да не ги погазувате сопствените принципи.

1 2 3

Прегледи:
868
Објавено на:
29.08.2018