Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (02 МАРТ, 2018)

Овен 

Ќе имате емотивни проблеми кои ќе ви создадат голема главоболка. Тоа што работите не се поставени така како што сакате вие и тоа што животот не е секогаш фер со вас не треба да ве обесхрабрува. Вредните лица наоѓаат решение за секој проблем. Ставете насмевка на вашето лице и бидете среќни, вие тоа го заслужувате.

Бик

Одлично ќе го поминете целиот ден, ќе си ги исполните обврските и во попладневните часови опуштено ќе уживате во друштво на семејството и пријателите. Ќе бидете во центарот на вниманието и ќе успеете да ги насмеете дури и оние кои се тажни. Вашата позитивна енергија ќе ја почувствува секој.

Близнаци

Ќе ве нервираат постапките на околината, но мора да се прилагодите. Ништо нема да можете сами да направите, ниту пак со сила. Затоа  бидете отворени и за поинакви мислења и методи. Ако се чувствувате уморно, подобро организирајте се и штедете ги силите.

Рак

Очекувате да дојде до значителни промени на вашето работно место и вие да го најдете вашето место под сонцето, но во меѓувреме сепак се распрашувате за некои други можности за да не зависите целосно од оние кои постојано ви ветуваат нешто но никако да го исполнат.

 

1 2 3

Прегледи:
867
Објавено на:
01.03.2018