Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (05 ОКТОМВРИ, 2018)

Лав

Конечно стигнавте и до петок – вашиот најпосакуван ден. Бидејќи изминатава недела имавте премногу работа, денес дозволете си да си допуштите неколку чаши вино, или пак вкусен ручек со пријатна придружба.

Девица

Најдете начин како да се зближите со партнерот, бидејќи некое време ви се заладени односите. Доколку не сте во врска, експериментирајте! Одете на состаноци и дознајте која личност најмногу ви одговара. Забавувајте се!

Вага

Денес ве очекува прилично турбулентен ден. На работа помеѓу вас и колегите ќе завладее општ хаос, а обврските ќе чекаат да бидат извршени. Но, добра вест – денес е петок! Ако денот ви биде лош, не значи дека таква ќе биде и вечерта. Излезете со вашето друштво и блеснете на забавата.

Шкорпија

Добро би било доколку денес емоционалноста си ја задржите за себе. Не покажувајте слабост пред другите. Доколку сте во врска, можеби е време да поразговарате со партнетот за преминување на наредно ниво, како што е заедничкото живеење.

 

1 2 3

Прегледи:
926
Објавено на:
04.10.2018