Лав
Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.
Девица
Што и да правите, најдобро ќе го правите ако има до вас и некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте овој период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.
Вага
Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева. Соработувајте со колегите и не се затворајте во себе, тие ќе ви помогнат да ги завршите задачите навреме.
Скорпија
Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.