Овен
Денес едноставно не е ваш ден. Ќе се чувствувате уморно и депресивно, а луѓето околу вас постојано ќе ви одат на нерви. Иако можеби времето ви ги расипа плановите за излет, не очајувајте, со добри пријатели сѐ може да се постигне.
Бик
Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност.
Близнаци
Денешниот ден ќе ви донесе блиска средба со партнерот и не трудете се да го уништите тоа со вашата презафатеност. Посветете им вниманите и на пријателите, на некој од нив ќе му биде потребен вашиот совет.
Рак
Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.