Стрелец
Денот е како создаден за флерт, љубов, уметност и разни други убави случувања. Спрема партнерот чувствувате силна физичка привлечност, па можно е вашиот сексуален живот да доживее вистинска кулминација.
Јарец
Денот ќе ви започне монотоно како и претходните. Но, затоа, во вечерните часови, вашите пријатели ќе ве изведат на некоја забава кајшто има можност да запознаете некоја личност од спротивниот пол којашто нема да може да ви излезе од мислите.
Водолија
Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа.
Риби
Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи нека вашиот став не биде премногу борбен.