Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (22 ЈУНИ 2018)

Овен 

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Бик

Денеска потрудете се да го подобрите вашиот опаднат социјален живот. Соберете храброст и повикајте ја на состанок личноста која ви се допаѓа. Или, наместо тоа, една вечер во дискотека со друштвото. Па можеби токму оваа вечер ќе ви се насмевне среќата.

Близнаци

Конечно вашето расположение оди во нагорна линија, а тоа веројатно се должи на настаните од изминатиов период. Некоја личност од минатото повторно ќе се обиде да ви се врати, а вие едвај чекате да ја продолжите романсата, но внимавајте на вашите останати обожаватели.

Рак

Немојте да дозволите шармот на некоја личност од спротивниот пол да ви го занесе умот пред да го запознаете нејзиниот карактер. Размислете добро какво однесување би ви одговарало на вам и вашата личност.

 

1 2 3

Прегледи:
987
Објавено на:
21.06.2018