Стрелец
Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.
Јарец
Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуацја ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.
Водолија
Проблемите кои ве измачуваа досега за вас ќе бидат минато, а сето тоа е благодарение на позитивната енергја која ќе владее во вас. Конечно трезвено размисливте дека не е се така црно како што на вас ви изгледа. Поминете го слободното време во друштво со пријателите и семејството.
Риби
Ќе морате да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна би можела да се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вас ви е подобро да не превземате ништо и добро да размислите. Ако сте во сериозна врска можеби ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни и чувствителни. Во деловниот живот ќе решавате за некои важни прашања кои се однесуваат за вашиот напредок во кариерата.