Овен
Веројатно денес ќе ви се намали вашата самодоверба, па затоа ќе бидете малку емотивни. Обидете се да се опуштите со малку музика во текот на денот, како и со неколку паузи помеѓу извршувањето на секојдневните обврски.
Бик
Работите полека се подобруваат. Имајте трпение и сѐ ќе се врати во нормала. Денес е ден за забава. Дури и да не планирате да излезете, неочекувано ќе добиете понуда. Не проопуштајте ја, оваа вечер ќе се претвори во најдобрата вечер.
Близнаци
Не заборавајте дека луѓето не се обврзани да го прават она што вие ќе го кажете и дека не може сѐ да иде според вашиот план. Што побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас. Не преоптеретувајте се со ситни детали од секојдневниот живот, туку уживајте во спонтаноста.
Рак
Она што денес ќе ве израдува, е вкусниот ручек во пријатна атмосфера заедно со најблиските пријатели. Не претерувајте со консумирањето на прекумерна количина на храна, тоа може да му наштети на вашиот организам. Јадете умерено.