Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (05 МАРТ, 2018)

Лав

Се трудите да се ослободите од некои непотребни нешта, а всушност сте подготвени себеси да се натоварите со некои нови обврски. Не влегувајте во бизнис со некој кој е исклучително упорен и сака да му бидете десна рака во бизнисот. Не би требало премногу да се надевате кога станува збор за соработка со некоја Водолија.

Девица

Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

Вага

Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.

Скорпија

Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.

 

 

1 2 3

Прегледи:
950
Ознаки:
· ·
Објавено на:
04.03.2018