Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (15 ОКТОМВРИ, 2018)

Стрелец

Најверојатно денес ќе ви дадат добра понуда, но не ја прифаќајте се додека не соберете доволно информации и не ги израмните позициите. Не брзајте да се согласите со било каква одлука и воздржете се од било какви ветувања. Во спротивно, ќе се вовлечете во сериозна грешка или ќе си создадете непријатности.

Јарец

Денес не се исклучува можноста да патувате на далеку, да се видите со некој или да се разделите. Можно е денес да почувствувате дополнителна негативна енергија или пак да имате караница со некој близок. На работно место е пожелно да бидете повеќе иницијативни.

Водолија

Двонасочни ќе ви бидат денешните случувања. Од една страна, ќе обновите старо пријателство кое пред долго време било прекинато. Од друга страна, поради преголемиот ентузијазам можете некого да засегнете со несоодветен став. Денот како целост ќе биде успешен или барем спокоен, затоа немојте да ги иритирате луѓето околу вас со вашите критики.

Риби

Веќе договорените средби за денес ќе дадат добар резултат. Ви препорачуваме да ги обновите проектите со старите партнери, новите најверојатно ќе се обидат да ве изиграат. Оделете време за спортска активност и посветете му се на здравјето.

1 2 3

Прегледи:
981
Објавено на:
14.10.2018