Лав
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.
Девица
Во овој период ви недостига виталност. Премногу сте осетливи, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Поразот тешко го поднесувате, потрудете се да бидете смирени и да ја контролирате ситуацијата.
Вага
Тешко ја прифаќате реалноста и тоа моментално не одговара на вашите очекувања. Ве очекуваат болни моменти на емотивен план. Занимавајте се со убави работи за да избегнете криза. Во вечерните часови опуштете се во друштво на пријателите.
Скорпија
Само со трпеливост и упорност можете да испливате од проблемите. Ако сте непромислени, може да биде уште полошо. Премногу се истакнувате, вашето его започна да им оди на нерви на другите. Внимавајте, ќе загубите дел од вашиот тим доколку така продолжите. Здравјето не ви е стабилно, затоа обрнете повеќе внимание на тоа.