Стрелец
На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на подобро, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака да ве импресионира.
Јарец
Во првата половина од денот ќе се чувствувате уморно бидејќи изминатава недела константно бевте под стрес. Затоа, втората половина од денот посветете си ја на себе. Пријатна квечерина, кафе и книга е примамлива идеја, зарем не?
Водолија
Можеби љубовниот живот ви стагнира, но затоа на професионално поле сѐ ви цвета, а и омилени сте меѓу вашите пријатели. Обидете се од секоја ситуација да го извлечете најдоброто и ќе видите дека и љубовта ќе биде на ваша страна.
Риби
Денес целосно посветете му се на партнерот. Веќе некое време ви се заладени односите, па би било добро доколку денес се обидете са изнајдете решение како врската да ви биде како порано. Можеби клучот е во заедничкото патување.