Лав
Нема да имате поголеми напори, а сепак ќе чувствувате замор. Можеби нема да можете правилно да ги распоредите обврските, па од таму да дојдете до ситуација кога повеќе ќе трошите енергија, но за мали нешта.
Девица
Размислувате да започнете со самостојна работа, но некако немате доволно доверба во своите сили и способности. На љубовен план можни се помали недоразбирања и расправии со партнерот па затоа избегнувајте конфликтни ситуации.
Вага
Најверојатно досега не сте успеале да го совладате фактот дека минатото колку и да го сакаме не можеме да го вратиме назад. ќе почувствувате некои потешкотии со дишните патишта кој може да се последица од цигарите ако сте пушач или како последица од некоја недолечена настинка затоа избегнувајте затворени простории.
Шкорпија
Размислувањата, или уште полошо, тагувањата за минатото не само што не ви помагаат, туку голема е веројатноста да ве донесат до сигурна депресија. Ќе се чувствувате изморени и психички и физички што не е ни чудо затоа што многу малку спиете.