Стрелец
Желбата и волјата за работа се врати во вас и тоа на голема врата. Така на вашиот работен пат нема да може да ве застане ниту една препрека. Емотивното разбирање и заемното надополнување со партнерот претставува само позитивен чекор напред, но вие сѐ уште се однесувате специфично кон саканата личност.
Јарец
Оние припадници кои се во долга врска или брак нека не помислуваат истата да ја стават на тест заради кратка забава. Тоа може навистина многу да ве чини. Од некој појак емоционален стрес можна е манифестација кај некој од органите, консумирајте витамини особено оние од групата Б.
Водолија
Одличен период, почнувајќи од комуникациите до деловните контакти. Притоа ќе се опуштите и ќе придавате важност на секојдневниот квалитетен живот. Кај оние слободните ситуацијата ќе биде многу динамична. Можно е да запознаете личност на која вреди да ѝ посветите внимание.
Риби
Оние работни грижи избегнувајте да ги префрлате во приватните односи. Концентрацијата ќе биде беспрекорна но на моменти ќе почувствувате замор заради балансирање на работната околина. Повеќе од времето ќе го минувате работејќи и дружејќи се со соработниците.