Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (10 ОКТОМВРИ, 2018)

Стрелец

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност во деловните соработки. Штедете ги парите кои во моментов ги поседувате, постои можност наредниот период да биде неповолен за вашата финансиска состојба.

Јарец

Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо.

Водолија

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

Риби

Флексибилноста ќе ви го одбележи денот и промените во плановите нема да ви го расипуваат расположението. Помогнете им на луѓето околу вас да сфатат дека животот е непредвидлив и дека треба да бидат поспонтани за да уживаат во него. Некој се обидува да ви го пренесе своето животно искуство. Многу ќе изгубите ако го игнорирате поради презафатеност.

1 2 3

Прегледи:
943
Објавено на:
09.10.2018