Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (13 ЈУНИ 2018)

Стрелец

Ќе чувствувате многу енергија во себе, па нема да ви биде проблем цел ден да се забавувате. Тоа и не е така лошо, но внимавајте, не запоставувајте ги и секојдневните обврски и работата. Срамежливоста ќе ја замените со комуникативност, па немојте да се изненадите доколку запознаете некоја нова личност.

Јарец

Денес е одличен ден за рекреација. Трчање, прошетка, возење велосипед… овие работи навистина можат да ви го подобрат расположението. Вечер, посветете му се на партнерот, тој ќе ви биде благодарен и ќе ви возврати со многу нежност.

Водолија

Денес вашата меморија нема да ви биде од голема корист, па затоа може да се чувствувате расеано. Можеби ќе заборавите каде сте ставиле некој предмет или пак која обврска требаше да ја извршите, но ништо страшно, тоа на секој може да му се случи.

Риби

Доколку пред извесно време раскинавте со партнерот, време е да продолжите понатаму и да не мислите на него. Ако мислевте да почнете некаков проект на професионално поле, денес е вистинскиот ден. Не заборавајте дека важно е да го направите она што чувствувате, а не она што другите сакаат да го направите.

1 2 3

Прегледи:
997
Објавено на:
12.06.2018