Овен
Вашиот оптимизам се заснова на силата на вашата добра волја и вербата во сопствените способности, таленти и знаење. Поседувате моќ да го маѓепсате спротивниот пол, поради што и самодовербата ви е на високо ниво. Вашата посесивна природа може да биде камен кој ќе ве сопне во однос на љубовта, семејството или пријателските односи, па дури и работните.
Бик
Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Итри сте и сакате лесно да стигнете до целта. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја.
Близнаци
Престанете да се грижите околу тоа што мислат другите за вас. Иако вам ви е важно мислењето на блиските, сепак треба да бидете искрени кон себе и да сфатите дека не можат сите да ги прифатат вашите погледи на светот. Намалете го нивото на нервоза, обидете се правилно да ги разбирате работите.
Рак
Ретко што може да го загрози вашиот оптимизам бидејќи уживате во животот сфаќајќи дека се состои и од позитивни и од негативни искуства. Освен тоа, длабоко се почитувате себе. Сепак имате и вие свои слаби точки, а тоа најчесто се љубовта или децата.