Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (26 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Лав

Денешниот ден ќе ви помине во знакот на доброто расположение. Ќе поминете неколку прекрасни часови во прегратката на вашиот партнер, а тоа дополнително ќе ви го разубави денот. Во вечерните часови излезете на кратка прошетка.

Девица

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Вага

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.

Скорпија

Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност.

 

1 2 3

Прегледи:
1351
Објавено на:
25.09.2018