Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (28 НОЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Напнатите односи во домот и можните расправии во врска со парите во голема мера можат да ви го расипат расположението. Не е моментот поволен за правење на планови во врска со недвижнините. Ако сте млади, попуштете пред барањата на некои лица, особено во домот. Ако имате нерасчистени односи со блиските роднини најдете начин да го решите тој проблем.

Јарец

Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог за забава, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го. Ако сакате повеќе романтика во врската, кажете му тоа на партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, затоа што најголем дел од нив воопшто не се обидуваат да го прават тоа.

Водолија

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

Риби

Ќе забележите дека финансиската состојба ви се подобрува и тоа ќе ви влијае особено позитивно на расположението. Денес имате прилично динамичен ден со можни резултати на деловен или професионален план. Не го запоставувајте семејството и партнерот.

1 2 3

Прегледи:
881
Ознаки:
· ·
Објавено на:
27.11.2018