Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: СРЕДА (29 АВГУСТ, 2018)

Лав

Во бизнисот кој го започнавте од неодамна ќе настанат некои проблеми и промени за кои на вас ќе ви е потребна помош да ги решите. Побарајте помош од некој Бик, тој ќе ви даде совет како да излезете од непријатната ситуација. Можни се проблеми со законот, внимавајте на документите кои ги потпишувате.

Девица

На вашето работно место се случуваат одредени негативни промени, внимавајте и изолирајте се од нив колку што можете повеќе. Застанете од страна и следете ја ситуацијата, не започнувајте кавга или долг разговор бидејќи можно е да го загубите кредибилитетот. Ова е малку неповолен ден за вас, затоа внимавајте на постапките. Постои можност, доколку имате сопствен бизнис, вашите вработени да ве напуштат.

Вага

Ова е среќен ден за вас во кој можете да забележите исклучителен напредок како на работното така и на приватното поле. Имате некаков план да отпатувате во странство, но тој најверојатно нема да ви се исполни. Пријателите и соработниците ќе ви понудат искрена помош која треба да ја прифатите.

Скорпија

Изгледа дека на вашите проблеми им нема крај. Но не грижете се ниту еден од нив во голема мера нема да ви наштети. Пробајте некако да ја зацврстите вашата финансиска ситуација, така што ќе ги исфрлите непотребните трошоци од вашиот буџет. Некој пријател постојано ве повикува на состанок, а вие немате време за него. Променете го тоа и излезете и забавувајте се.

 

1 2 3

Прегледи:
1035
Објавено на:
28.08.2018