Лав
Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги.
Девица
Ќе зрачите со шарм и убавина и полни сте со желба за задоволства. Сепак избегнувајте непромислени љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на две столици одеднаш бидејќи тоа може скапо да ве чини.
Вага
Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и кон семејството.
Скорпија
Денешните работни обврски ќе ве изморат до степен на напнатост и нервоза. Мрзеливоста ќе биде вашиот најголем проблем. Сепак, обврските мора да ги завршите, затоа започнете со работа. Финансиската состојба е слаба, но ви претстојат подобрувања.