Стрелец
Во однос на работата денешниот ден ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа се парите? Преиспитајте се добро, не смеете за се да се нервирате.
Јарец
Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата. Исклучително поволните прилики на работното место, ќе придонесат да ги насочите мислите кон успехот во иднина.
Водолија
Проблемот кој денеска ќе го имате се однесува на вашето здравје. Се чуствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете во нормала. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот.
Риби
Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.