Овен
Потрудете се да остварите добра соработка со другите, немојте да се нервирате за тоа кој што зборува. Секако, ако постои начин да го израдувате партнерот направете го тоа, не дозволувајте се да се врти околу вас. На работа одлучете кои работи ќе ги работите. Не нервирајте се ако не можете се да постигнете, денес направете план за следната недела. Тоа би ви било најпаметно.
Бик
Денес не дозволувајте проблемите дома да влијаат на другите сфери од вашиот живот. Кавгите со љубовен партнер, родител, цимер или со вашето дете лесно може да ве направат непродуктивни на работа или негативно настроени. Бидете постабилни и контролирајте ја лутината.
Близнаци
Забавувајте се со пријателите и партнерот. Одете до некое кафуле. Денес сѐ нека помине во денот на забавата и разговорите, бидејќи наредните денови ќе ви бидат многу напорни. Чистете го домот, посебно средете ги документите. Секако, може да прочитате и некоја добра книга или вашето омилено списание. Одморете се.
Рак
Чувствата ќе ви попречуваат во донесувањето на решение и ќе ја замаглуваат вашата проценка, а ова посебно важи за врската. Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и детски расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад. Хуманоста ќе ве натера да ги искористите сите расположливи средства за да помогнете некому.