Овен
Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку повнимателни за да го добиете она што го сакате. Во главно, ова ќе ви биде еден од чудните денови, едно ќе правите, а друго ќе мислите.
Бик
Скоро за сѐ сте сигурни во себе, освен за една работа. Кога станува збор за љубовна врска вие се чувствувате прилично несгигурно. Можеби затоа што не знаете како да постапите. Добро размислете што сакате, пред да продолжите понатаму.
Близнаци
Што се однесува на љубовен план, работите се одвиваат токму како што сакавте вие. Денес, треба да обратите внимание на некој ваш близок кој ќе проба да манипулира со вас.
Рак
Љубовта и романсата претставуваат вистинско коцкање за вас. Морате да преземете одредени мерки со цел да се најдете на иста бранова должина како и вашиот партнер. Во овој момент здравјето ви е добро, но внесувајте повеќе течности.