Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (20 МАРТ, 2018)

Овен

Во комуникацијата со другите ќе имате тенденција да се задржувате на деталите. Не сакате да разговарате за баналности и да го коментирате времето. Барем не денес. Имате потреба да дознаете што мислат и што чувствуваат другите, за да можете да ги увидите заедничките работи.

Бик

Се чувствувате бунтовно и неприлагодено. Можни се промени во дневната рутина како резултат на непредвидени околности на вашето работно место. Внимавајте на импулсивни и непромислени реакции и одлуки.

Близнаци

Ќе чувствувате спротивставени емоции кон некоја личност во положба на авторитет – надреден, шеф, родител… Од друга страна, околностите на приватно ниво се одвиваат на интересен и стимулативен начин. Обидете се да одржувате стабилен емоционален статус.

Рак

Интензивно размислувате за некои сегменти од својот живот и добивате различни увиди и заклучоци. Ќе ви бидат појасни некои работи од минатото и како резултат на тоа постигнувате повисока психолошка кохезивност. Додека ја планирате вашата иднина, одржувајте рамнотежа во односите и не ги запоставувајте обврските.

 

1 2 3

Прегледи:
934
Објавено на:
19.03.2018