Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (24 АПРИЛ, 2018)

Овен 

Идеална доза на оптимизам денеска ќе ви биде неопходна. Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе. Ќе морате да преземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници.

Бик

Работната сфера денска во секој случај ќе биде ваша светла точка. Оние претставници на кои работата им дозволува тимско работење ќе бидат критички расположени кон своите соработници. Љубовните врски не се стабилни, а можно е да дојде и до разделба.

Близнаци

Имате добри пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Повикајте пријатели ако не за нешто друго барем да имкажете дека мислите на нив иако не ги гледате често.

Рак

Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси.

Продолжува на страна:  1  3

1 2 3

Прегледи:
798
Објавено на:
23.04.2018