Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (25 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Лав

Линијата меѓу љубовта и омразата е многу тенка и лесно може да биде избришана, а вие денес ќе бидете доказ за тоа. Не се изненадувајте ако довчерашен непријател сега започне да ви го освојува срцето или ако ваш бивши повторно ви ги разгори старите чувства.

Девица

Зошто постојано се обидувате да бидете карпа кога и самите знаете колку емоции виреат во вас? Денес ќе почувствувате силна желба да се отворите пред некого, па препорачливо е да изберете личност која веќе ви ја докажала својата лојалност.

Вага

Тонете во детали? Денес стојте подалеку од безначајни ситници и нешта кои нема да ви донесат аплауз. Времето кое ќе го заштедите посветете го на цели и проекти кои имаат потенцијал да ве лансираат нагоре на работното место.

Скорпија

Денес ќе ѝ помогнете на блиска личност да надмине сериозен проблем и да застане на нозе, но наместо благодарност, ќе добиете ноншалантен став. Пред да решите да ја отстраните од својот живот, побарајте ја причината за нејзиното однесување.

 

1 2 3

Прегледи:
919
Објавено на:
24.09.2018