Лав
Внимателно анализирајте ја својата околина и не дозволувајте некој да ве поттине на ривалски односи. Претерувате во врска со очекувањата од саканата личност. Можеби вашиот партнер не сака детално да ви ги објаснува своите постапки или да ви ги положува сите свои сметки.
Девица
За денеска, планетите се така распоредени, што во текот на целиот ден ќе чувствувате позитивни вибрации. Не сфаќајте ги толку сериозно коменарите на вашите пријатели, тие само го сакаат најдоброто за вас.
Вага
Не сте во врска, а сте во потрага по флерт? Денес е вистинскиот ден за тоа! Планетата Венера ќе ви донесе возбудливи мигови со личност од спротивниот пол. Значи, вечерва никако седење дома, облечете го она што најдобро ви прилега и маѓепсајте ги сите.
Шкорпија
Денот ќе ви започне со убава вест. Остатокот од денот искористете го за мал шопинг и мала прошетка. Постои голема можност во денешниот ден да запознаете некоја личност која ќе биде дел од вашата иднина.