Стрелец
Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.
Јарец
Денес искористете го денот во она што најмногу го сакате – целодневна средба со пријателите. Во последниве денови немавте некој таков масовен собир, па денес е поволен ден за тоа. Никогаш не се знае колку трачеви може да се пропуштат за неколку дена, нели?
Водолија
И вие и вашиот партнер ќе бидете во емотивен период, секој на свој начин. Зборувајте отворено со него и кажете ги своите проблеми. Немојте да зборувате за работи кои претставуваат потенцијален ризик за вашите професионални интереси.
Риби
Денес е поволен ден за подобрување на работите на љубовен план. Ако сте во врска, веројатно вашата врска ќе ја подигнете на повисоко ниво, а ако сте сингл ќе имате можност да запознаете нова личност.