Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1. НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Близнаците се полни со енергија, Лавовите флертуваат, Рибите имаат можност за напредување.

ОВЕН

Доколку сте без работа, може да очекувате дека наредниот период ќе имате можност да се промени ситуацијата. Дојде време максимално да се посветите на вашиот однос со саканата личност. Водете сметка за бубрезите.

БИК

Може да очекувате помали компликации кога станува збор за вашата работа. Ве очекува период на промени. Партнерот покажува дека нема доволно доверба во вас, а вам ви пречи неговиот став и тоа ве навредува. Можеби сте под стрес.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу слободно време и подготвени сте да го искористите за одмор. Може да очекувате поволен ден. Ќе бидете емотивно стабилни и задоволни со односот на партнерот кон вас. Полни сте со енергија! Спортувајте.

РАК

Ќе имате нови обврски и нема да ви биде лесно да ги усогласите и организирате како што ви одговара. Љубовниот живот ви претставува мало оптеретување. Можеби ви е потребен период да бидете сами. Пад на имунитетот.

ЛАВ

Ве очекува можност да започнете нова работа која ќе ви донесе успех во иднина. На љубовно поле ве очекува флерт со личноста која сте ја запознале во брзо време. Ќе имате прилично возбудлив ден. Можни се болки во грлото.

ДЕВИЦА

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе успеете да ги остварите своите цели. Пред вас е многу поволен период. Имате максимална доверба во личноста која ја сакате и ве очекува поволна фаза за вашиот однос. Внимавајте на исхраната.

ВАГА

Можеби не можете да ги остварите своите планови, но треба позитивно да се насочите кон нив. Имате некои помали недоразбирања со партнерот. Бидете внимателни денес.

ШКОРПИЈА

Ве очекува можност да напредувате кога станува збор за работата. Пред вас е поволен период. Не ве очекуваат премногу големи промени на емотивно поле. Стабилната состојба со партнерот ве радува. Поволен период за слабеење.

СТРЕЛЕЦ

Може да се потпрете на своите соработници. Ве очекува период во кој ќе имате позитивни деловни околности. Ако сте слободни, можеби ќе имате некои нови љубовни понуди, познанства. Проблеми со циркулацијата.

ЈАРЕЦ

Се обидувате да започнете нова работа. Чувствувате дека ќе ви биде потребно подолго време за тоа. Можеби имате помали сомнежи во саканата личност но со искрен и отворен разговор може да решите сѐ. Исцрпени сте.

ВОДОЛИЈА

Можеби ќе имате некои помали недоразбирања во работното опкружување, но ќе успеете да ги решите. Запознавате интересна личност која ќе ви ги покаже искрените емоции. Можни се проблеми со алергии.

РИБИ

Можеби не сте добиле можност која ви била неопходна за да напредувате на деловно поле. Можно е познанството со личност која многу ви се допаѓа да прерасне во врска. Проблеми со зглобовите.

Прегледи:
866
Објавено на:
31.10.2019