Овенот да избегнува пороци, Близнаците носат важни деловни одлуки, Лавот е загрижен, Рибите ги очекува успех на работа.
ОВЕН
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и се обидувате да најдете начин малку да ја поправите. Покажете и ги на саканата личност вашите искрени чувства. Важно е секогаш да бидете отворени со неа. Избегнувајте цигари.
БИК
Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно ќе бидете задоволни со својата работа. Едно лошо искуство од минатото ве прогонува и како да не можете да се оттргнете. Проверете ја својата диоптрија за секој случај.
РАК
Ве очекува ден во кој ќе успеете да ги остварите своите деловни планови и цели. Ќе бидете задоволни со себе. Новото познанство во вас на некој начин буди и поттикнува прилично силни емоции. Психички сте преоптеретени.
ЛАВ
Се чувствувате прилично загрижено. Можеби работите на деловно поле не одат онака како што сте сакале и планирале. Бидете искрени кон себе и потрудете се да ги прифатите сите емоции кои ги имате. Чувствителни синуси и склоност кон настинка.
ДЕВИЦА
Обрнете внимание на новите информации кои пристигнуваат до вас. Време е сериозно да ги сфатите промените. Може да очекувате многу поволни околности на љубовно поле. Ќе бидете задоволни. Можни се проблеми со крвната слика.
ВАГА
Ова не е прмногу поволен ден за работа, па избегнувајте било какви ризици. Потрудете се да се бавите со рутинските и вообичаени обврски. Тешко ви е да ги прифатите мааните на вашиот партнер. Избегнувајте претерано напрегање.
ШКОРПИЈА
Немате доволно доверба во своите соработници и ви се чини дека ви работат позади грб. Тешко ви е да остварите стабилност во односот со саканата личност. Карактерно сте многу различни. Можни се проблеми со алергии.
СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете преоптеретени со обврските и нема да ви биде лесно да го издржите тоа напорно темпо. Можно е да имате криза со саканата личност и вашиот однос да оди во некоја погрешна насока. Не е поволен ден за вашето здравје.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате среќни околности во кои ќе профитирате. Полето на заработка оди во позитивна насока. Тешко ви е да донесете одлука на љубовно поле. Саканата личност ви делува ладно. Чувствувате замор.
ВОДОЛИЈА
На деловно поле може да дојде до некои препреки. Потрудете се да бидете подобро организирани. Имате чести расправи со личноста која ви се допаѓа. Може да очекувате некои компликации. Чувствителна бешика.
РИБИ
Потрудете се да дадете сѐ од себе на деловно поле. Ќе успеете да ги реализирате своите планови ако бидете упорни. Саканата личност ги покажа своите најдлабоки емоции и потреби. Се чувствувате убаво кога сте заедно. Можни се респираторни инфекции.