Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Лавовите да внимаваат да не донесат избрзани одлуки, на Девиците им претстојат непланирани трошоци, а денес кармата е на страната на Водолиите..

ОВЕН
Денес ви претстои мала нестабилност во вашата финансиска состојба. Бидете подготвени да се соочите рационално со оваа промена и да го дадете најдоброто од себе. Ви претстои голема одговорност, верувајте му на вашиот инстинкт. Не дозволувајте неколку препреки на вашиот пат да ве спречат во достигнувањето на целта.

БИК
Доколку сте склони кон импулсивно трошење и шопинг, денес бидете особено внимателни, можно е да се ставите себеси во тешка финансиска состојба поради нерационално купување. Некоја промена во вашето секојдневие ќе го подигне вашиот дух и ќе се чувствувате благодарни. Не дозволувајте на некој во вашата околина да ве предизвика така што ќе ве погодува во вашите слаби точки. Обидете се да останете смирени.

БЛИЗНАЦИ
Денес правете планови според вашите потреби. Немојте да се чувствувате засрамено доколку другите не го разбираат вашиот вкус, не морате да ги објаснувате вашите избори нити причините позади нив. Ќе бидете доста заштитнички настроени спрема луѓето кои ги сакате. Ќе изгледате самоуверено а другите ќе го следат вашиот пример.

РАК
Вие го држите под контрола вашиот живот но подгответе се за одредени промени. Ќе треба да донесете некои важни одлуки. Некој во вашето опкружување ве оговара за тоа какви активности практикувате, не дозволувајте да ве обесхрабри туѓото мислење. Не се впуштајте себеси во туѓата драма.

ЛАВ
Немојте да претерувате кога сакате да им се допаднете на другите и да стекнете што е можно повеќе пријатели, бидете она што сте и немојте да се трудите премногу, оригиналноста секогаш се цени најмногу. Пред да пресудите за некој проблем, размислете подобро за она кое го предизвикало. Немојте да донесувате избрзани заклучоци.

ДЕВИЦА
На вашата врска и претстои ненадејна промена, но не грижете се ви претстои позитивен исход. Најкомплицираните проблеми најчесто се решаваат со тек на време, бидете трпеливи. Ви претстојат непланирани трошоци, треба да жртвувате нешто но тоа ќе биде краткотрајно.

ВАГА
Ќе посакате да се повлечете од вашата секојдневна рутина и да се осамостоите и одморите. Потиснувањето на негативните чувства само ќе ги создаде повеќе проблеми. Потребен ви е нечиј совет за да излезете од кризата. Ви претстои финансиска добивка која ќе го осигура периодот во иднина.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете особено храбри да се впуштите себеси во нова авантура. Не плашете се да поставите прашање доколку не сте сигурни околу нешто. Можен е конфликт со некој во вашата околина поради нешто кое ќе го кажете за да испаднете попаметни, внимавајте на вашите зборови. Самодовербата ќе ви биде проблем во привлекувањето на нова љубов во вашиот живот.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете во недоумица дали да ги потрошите заработените пари или да ги инвестирате во нешто, но од друга страна ќе сметате дека заслужувате да се наградите себеси со нешто убаво, но исто така ќе сакате да бидете сигурни дека во иднина нема да имате финансиски потешкотии. Размислете добро.

ЈАРЕЦ
Моменталното поправање на некои проблеми не е трајно ослободување од нив. Превземете акција така што ќе го најдете идеалното решение, не брзајте и не барајте најлесен пат затоа што тоа е најчесто и најнесигурниот. Доколку некој ви понуди нешто, размислете добро за она што ги мотивира да го направат тоа пред да прифатите.

ВОДОЛИЈА
Се обидувате да ги расчистите нештата со некој, тоа може да биде двонасочна улица, можно е да не бидете задоволни од исходот. Нешто добро пристигнува на вашиот пат. Кармата е на ваша страна и можностите ќе се отвораат пред вас.

РИБИ
Бидете храбри да ја признаете вашата сила и слабост. Нема потреба да се однесувате како да можете да направите нешто ако воопшто не сте добри во тоа. Пристапувајте на односите со искреност и интегритет. Дозволете им на луѓето во вашата околина да ви помогнат онаму каде што можат.