Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Понекогаш најдобриот начин за да се справите со некоја напната ситуација е да додадете малку хумор, иако тоа во очите на другите може да ве направи незрели, понекогаш е најдобар начин за да го намалите стресот. Јупитер и Плуто ви донесуваат моќ да се справувате со тешките ситуации. Искористете го мигот може да доведе до трансформација.

БИК
Денес ќе ја добиете поддршката која долго време сте ја чекале. Ако се сомневате во нешто, најдобро е да ја послушате вашата интуиција затоа што овие денови таа ќе ги има вистинските одговори. Планетите се на ваша страна и ви донесуваат добри вести, нешто ќе ве изненади пријатно, можно е да ви се оствари некоја желба.

БЛИЗНАЦИ
Премногу сте критични кон другите и постојано барате и најмала маана за да ги оцрните, не заборавајте дека никој човек не е совршен и сите понекогаш прават грешки, како и вие. Вашиот ум почнува да развива нови идеи од кои дури и самите ќе бидете изненадени. Можно е да започнете нова работа, успехот е на ваша страна.

РАК
Тешката и напорна работа ќе ве одведе до целта, можно е да претрпите многу мака и да бидете исцрпени но бидете сигурни дека на крајот од патот следат сочни плодови на успехот. Некое прашање на кое долго време сте го барале одговорот стои пред вас и е поочигледно од било што, ќе дојдете до некое големо откривање.

ЛАВ
Немојте да ги брзате работите, вашата нетрпеливост може да направи да уништите се уште пред да започнете. Посоветувајте се со постарите, тие секогаш ги имаат најдобрите совети. Некој ќе ви пружи помош а тоа ќе ве направи посигурни во себеси. Се чувствувате слаби на љубовен план, немате контрола врз сопствените чувства.

ДЕВИЦА
Добро е да почнете да размислувате за штедење и да отворите посебна сметка во банка на која ќе имате финансии за несакани случаеви. Под притисок сте од семејството и тоа ви се одразува лошо на вашето здравје. Некоја конекција ќе доведе до добивка и подобрување на работната позиција. Пред вас се успешни денови.

ВАГА
Долго време ги занемарувате пријателите поради преокупираност со други нешта. Направете мала собиранка во домот или во вашиот омилен ресторан, нивното друштво ќе ви годи и ќе почнете да се чувствувате попозитвно. Разговорт со некој пријател ќе ви помогне да се ослободите од тежината. Некоја работа се одвива во ваша корист.

ШКОРПИЈА
Денешниот ден ви носи позитивни вести во врска со вашето здравје. Некои Шкорпии ќе добијат понуда за нов бизнис или нова работа а тоа ќе биде почеток на ново поглавје во вашиот живот исполнето со среќа и благосостојба. Доколку сте размислувале за купување на недвижнина или кола, овој период е доста поволен.

СТРЕЛЕЦ
Сега имате можност да направите некое добро дело, дајте се од себе затоа што не само што ќе усреќите некој друг туку и вие самите ќе се чувствувате задоволни од себеси. Ќе морате да изберете помеѓу две опции кога е во прашање љубовта, ве очекува добивка.

ЈАРЕЦ
Работата ви го одзема целото внимание и ги занемарувате важните врски во вашиот живот, на некого му недостигате не не знае како да ви го каже тоа. Ви пристигнуваат добри вести од далеку или некој далечен роднина планира да ве посети. Поддршката која ја добивате од најблиските ве усреќува, вие сте на добар пат.

ВОДОЛИЈА
Се чувствувате осамено и постојано правите анализа на себеси. Сметате дека неуспехот на љубовно поле е ваша заслуга и постојано сметате дека не сте доволно добри. Не заборавајте дека едно разочарување не значи дека постојано ќе доживувате неуспех. Некој се однесува арогантно спрема вас, не возвраќајте со иста мера, сочувајте го вашето достоинство.

РИБИ
Ќе размислувате за некоја промена во физичкиот изглед или реновирање на домот. Инспирирани сте и сакате да го покажете најдоброто од вашата креативност. Некои Риби ќе планираат да отпатуваат поради работа. Некоја далечна љубов посакува да ви се врати.

Прегледи:
1500
Објавено на:
12.11.2020