Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Вашите врски во моментот се нестабилни, чувствувате дека не ви одат од рака. Најголемата препрека во нив е вашето его. Марс е причината поради која постојат расправии помеѓу вас и вашиот партнер. Обидете се да бидете посмирени.

БИК
Се ободувате да го одржите вашиот бизнис на нависоко можно скалило но вашите конкуренти постојано прават да ја губите самодовербата. Обидете се да располагате со времето малку попаметно. Премногу си дозволувате на себеси и тоа може да ве доведе до финансиски проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Трансформација во вашиот изглед може да ви ја поттикне самодовербата, пробувајте нови стилови и експериментирајте. Ако имате проблем на работното место можеби постара личност може да ви помогне. Немојте да чекате нештата да се случат сами од себеси, превземете иницијатива.

РАК
Не треба да се објаснувате и да се браните себеси, не пред вашите пријатели и колеги. И покрај тоа што сте чувствителни, другите треба самите да донесат пресуда и да ја знаат вашата вредност. Останете верни на себеси и не обрнувајте внимание на критиките.

ЛАВ
Ако сте имале потешкотии на работното место, можеби треба да пробате други начини на пристап. Ако се прашувате во врска со донесувањето на некоја одлука, можеби подобро треба да ги разгледате опциите кои ви се нудат. Една одлука може да ви го промени вашиот живот во целост.

ДЕВИЦА
Прагматични сте и од вас секогаш се очекува да се покажете во најдобро светло на секое поле. Изгледате студено вашата скриена сензитивност може да ви наштети доколку ја сокривате премногу долго. Одвреме навреме е добро да разговарате за вашите емоции и нештата кои ви пречат.

ВАГА
Планетата Венера е вашата владеачка планета а сега таа ве прави особено романтични и наклонети кон партнерот. Ќе сакате да искажувате љубов и да подготувате романтични изненадувања. Меркур планетата на комуникацијата ќе ви помогне да ги искажувате своите чувства преку вистинските зборови.

ШКОРПИЈА
Фокусирајте се на големата слика наместо на деталите, така ќе успеете да решите многу важни проблеми. Ова ќе ви помогне и да донесете правилни одлуки кога е во прашање работата и љубовта. Обидете се во меѓувреме да се релаксирате. Дружете се со уметници и луѓе кои сакаат да дискутираат животни прашања.

СТРЕЛЕЦ
Изминатиов период сте вложиле многу пот и крв во остварувањето на вашите цели, сега е време да уживате во плодовите. Среќата е на ваша страна и конечно пристигнува период кога ќе можете да здивнете. Вашиот шарм ги отвара сите врати.

ЈАРЕЦ
Можете да остварите се што ќе посакате само доколку правилно ги распоредите вашите приоритети. Отстранете ги непотребните обврски и посветете го вашето време на сето она кое е вистински важно. Ќе станете поблиски со саканиот и тој ќе ви даде чувство на сигурност.

ВОДОЛИЈА
Направете чекор, некои нешта ви се лизгаат од раце, можеби е во прашање љубов или работа. Ја имате наклонетоста на ѕвездите и среќата е на ваша страна. Сега е вистинско време да го продлабочите вашето знаење и да се посветите во изучување на нови нешта кои ќе ви помогнат да напредувате во иднина.

РИБИ
Финансиската состојба ве прави да се чувствувате комфорно, но немојте премногу да трошите затоа што можете многу лесно да западнете во непосакувани долгови. Ви претстои мала прослава во која ќе уживате со вашите најскани и најблиски. Некои Риби ќе добијат понуда за брак.

Прегледи:
1538
Објавено на:
19.11.2020