Стрелец
Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.
Јарец
Тактизирајте ги работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.
Водолија
Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.
Риби
Веќе подолго време ве мачи нешто, а самите не знаете што. Времето работи за вас, искористете го тоа и уживајте во нечија прегратка. Обврските не можат да чекаат. Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите.