Овенот е љубоморен, Бикот енергичен, Близнаците се емотивни, Лавот е нервозен, Шкорпијата опуштена.
ОВЕН
Ве очекуваат нагли промени на работно поле и некои настани кои не сте ги очекувале. Љубомората би можела да почне да ви претставува голем проблем во однос на саканата личност денес. Проверете ги бубрезите.
БИК
Обидете се да ја избегнете неодлучноста во преземањето нови работни акции бидејќи тоа би можело да ви донесе некои нови проблеми на ова поле. Енергични сте и ви одговара да бидете во движење, да флертувате. Внимавајте на килограмите.
БЛИЗНАЦИ
Одлучивте да се посветите на обврските и да завршите некоја работа која долго време чека на вас. Полека доаѓате до кризни моменти со саканата личност. Можеби во вашиот брак наскоро ќе наидете на одредени проблеми. Помали проблеми со крвната слика.
ЛАВ
Доколку сте се занимавале со приватен бизнис сега е време да размислите за некои промени кои се неопходни. Ве очекува почеток на врска со личност со која од самиот почеток ќе почувствувате силна и фатална страст. Можни се проблеми со срцето.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат некои промени на работното место кои ќе мора да ги прифатите иако не сте ги барале. Ново познанство кое е пред вас може да биде значајно за вашата емотивна иднина. Внимавајте на желудникот.
ВАГА
Можеби ќе имате поголеми трошоци кои ќе го пореметат вашето расположение на некој начин. Не сте фокусирани на односот со партнерот. Саканата личност се сомнева дека криете нешто од неа. Здравјето е во најдобар ред.
ШКОРПИЈА
Чувајте се од непријателите и неискрените луѓе од вашето работно опкружување. Можеби ќе имате повеќе проблеми отколку што очекувате. Не сте задоволни со односот кој го остварувате со саканата личност. Проблеми со дишните патишта.
СТРЕЛЕЦ
Подобрувањето на финансиската состојба ќе ви го подобри расположението. Може да се надевате на многу позитивни пресврти на ова поле. Имате емоции кон некој ваш пријател. Избегнувајте алкохол и опивање.
ЈАРЕЦ
Ве очекува поволен ден, особено ако постојат некои работни проблеми кои требало да ги решите во минатото. Ви се допаѓа личност која ќе ви покаже дека со вас сака еден многу позитивен однос. Намалете го внесувањето на масна храна.
ВОДОЛИЈА
Имате многу обврски и важно ви е да се посветите на работата, сега кариерата ви е на прво место. Ве очекува шанса за ново познанство. Лесно ќе ја освоите личноста која на вас ќе остави добар впечаток. Можен е пад на имунитетот.
РИБИ
Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите целите поврзани со вашето работно поле. Саканата личност ќе ви ги покаже нејзините искрени емоции. Може да се надевате на позитивни околности. Водете сметка за внесувањето течности.