Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои не сте успеале. Ќе размислувате за тоа како да нрапвите подобрување, плановите ќе ви делуваат невозможни. Немојте да ги етикетирате вашите идеи како нереални затоа што не се.

БИК
Ќе сакате да избегнувате се во врска со вашите емоции затоа што ќе сметате дека немате сили да се соочите со реалноста на љубовен план. Ќе чувствувате притисок да напраите промена. Ќе ви биде потребна утеха.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате иритирано, сите околу вас ќе ве вознемируваат без некоја особена причина. За среќа тоа ќе трае кратко. Избегнувајте конфликти и останете смирени. Тензијата ќе се намали. Немојте да ја прекршувате вашатарутина.

РАК
Некое незадоволство ќе биде надминато и некој проблем кој сте го имале ќе биде разрешен. Вашата толеранција ќе порасте. Ќе сакате да им се доверите на вашите пријатели и тие ќе ве поддржат. Ќе барате хоби кои ќе ве опушти.

ЛАВ
Изненадени сте од последниот исход на нештата, сте сметале дека некои од нив нема никогаш да се одвиваат онака како што сакате. Вашата енергија е намалена и потребен ви е одмор. Загрижени сте за финансиите, потребно е да направите бизнис план.

ДЕВИЦА
Очекувајте вашето внимание да биде одвлечено од неважни нешта кои не ви донесуваат никаков напредок. Обидете се да останете фокусирани на она кое ви е важно. Вашите идеи ќе ве однесат на вистинскиот пат. Изморени сте во обидувањето да изградите совршен живот.

ВАГА
Денес ќе сакате да направите „чистење“ во вашиот живот. Ќе сакате да се ослободите од нештата кои ве отежнуваат и не ви носат напредок. Постојат некои сили кои ви даваат надеж и ве носат кон подобра иднина. Очекувајте некоја важна порака или писмо. Ќе имате конкуренција.

ШКОРПИЈА
Денес немојте да се колебате, направете ги сите нешта кои ви се на ум затоа што во иднина тие можат да ви станат терет. Очекувајте напредок, ќе бидете ставени под тест кој ќе морате да го играте тактично. Очекувајте некој да ве пофали за вашиот труд.

СТРЕЛЕЦ
Се борите за да се докажете а тоа ви претставува препрека. Коментарите од блиските ве иритираат и ве обесхрабруваат, но продолжете напред и немојте да се откажувате. Ќе се обидувате да го контролирате својот бес. Можно е да избувните и тоа на личност која најмалку заслужува.

ЈАРЕЦ
Очекувајте да бидете испровоцирани, но не подлегнувајте на такви коментари. Ќе бидете во потрага по нешто што ќе ја зголеми вашата енергија. Потребна ви мотивација. Некоја бизнис понуда пристигнува кај вас, ќе биде добра прилика. Ослободете се од стравовите кои долго време ви отежнуваат.

ВОДОЛИЈА
Вашите страсти ве водат, сега е време да им се препуштите. Ќе имате некоја идеа за која ќе добиете неодобрување, но тоа не треба да ве натера да се откажете. Некој ќе ви довери некоја тајна или нешто интимно, размислете добро пред да го споделите. Вашата цел треба да ја пронајдете длабоко во себе.

РИБИ
Ќе се чувствувате чудно и ќе лутате на некои далечни места во вашиот ум. Ќе сакате да побегнете или да направите некоја промена. Можеби ќе се збогувате со некоја личност во вашиот живот. Сега не е време за залудно талкање со мислите, подобро фрлете се на работа. Вашата продуктивност е на врвот.

Прегледи:
1632
Објавено на:
27.11.2020