Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. ЈУНИ 2019 ГОДИНА

Ракот е склон кон менување на расположението, Вагата ќе ги одложи промените на работното место, Шкорпијата е подготвена за авантура.

ОВЕН

Не би требало да имате поголеми проблеми на работното место бидејќи сѐ се одвива по вообичаениот тек без промени. Доколку сте во брак ве очекуваат проблеми во комуникацијата со саканата личност која е дистанцирана од вас. Поведете сметка за органите за варење.

БИК

Доколку сте имале во план деловно патување, може да дојде до некое одложување. Ве очекува интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа веќе некое време. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува некоја нова финансиска добивка со која ќе бидете задоволни. Работата исто така се движи во добар правец. Сигурни сте дека со партнерот сакате да поразговарате за сите работи кои ве загрижуваат. Солидно здравје.

РАК

Ќе ви одговара да се посветите на организацијата на работата, важно е некои работи повторно да ги разгледате. Склони сте кон менување на расположението, мислењето и однесувањето па и партнерите. Чувајте ги бубрезите.

ЛАВ

Можеби не сте сигурни дали да ја прифатите новата деловна понуда која ја добивте од личност која не ја познавате. Кога се во прашање емоциите, не ви е лесно да и покажете на саканата личност како се чувствувате. Проблеми со несоница.

ДЕВИЦА

Може да очекувате поволен ден ако сте во потрага по нова работа, ќе успеете да најдете ново работно место. Пред вас е интересна средба која ќе ве одведе до желбата да влезете во нова љубовна врска. Здравјето е во ред.

ВАГА

Деловните промени кои ги имавте во план ќе ги одложите. Не сакате да чекате но сега тоа е неизбежно. На саканата личност и го замерувате однесувањето и не ви се допаѓа нејзината љубомора. Добро ќе ви дојде масажа.

ШКОРПИЈА

Можеби ќе ви се укаже можност да соработувате со некоја личност со која во минатото сте имале одлични заеднички потфати. Може да очекувате интересни можности за флерт. Подготвени сте за авантура. Генерално се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ

Ова не е премногу поволен ден, па многу лесно може да дојде до компликации на работно поле. Очекувајте интересни моменти и ново познанство со личност во која ќе се вљубите. Проверете го холестеролот.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат помали промени на полето на заработка, може ќе бидете задоволни со новите случувања. Уживате во својата слобода и убаво ви е кога сте сами со себе. Полни сте со енергија и сакате да спортувате.

ВОДОЛИЈА

Можни се недоразбирања во комуникацијата со претпоставените. Ако сте во потрага по работа, денешниот ден не ви е поволен. Работата ве оптеретува премногу и денес не сте расположени. Водете сметка за бубрезите.

РИБИ

Денес ќе се задржите на работа многу подолго отколку што очекувавте и генерално ќе бидете оптеретени. Имате впечаток дека дојде време за промени. Не сте задоволни од бракот повеќе. Проверете крвна слика.

Прегледи:
825
Објавено на:
02.06.2019