Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Овенот ќе посака нова работа, Бикот се ослободува од притисокот, Вагата е способна, Стрелецот има проблеми со органите за варење.

ОВЕН

Ќе посакате промена на работното место и да се посветите на драстичните промени на ова поле. Сакате повеќе за себе. Ве очекува многу позитивна атмосфера во однос на личноста која ја сакате. Водете сметка за хормоните.

БИК

Се ослободивте од притисокот кој го имавте над глава во претходниот период и сега доаѓа фаза кога ќе чувствувате олеснување на работното место. Можно е да запознаете личност со која ќе остварите стабилен однос. Немате никакви проблеми со здравјето.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е шанса да ги реализирате плановите кои сте ги имале од претходно. Може да очекувате позитивни промени на работа. Среќни сте кога сте покрај саканата личност и имате впечаток дека покрај неа имате сѐ. Спортувајте.

РАК

Може да очекувате стабилизација и важни одлуки на деловно поле. Пред вас е добар период за промени. Доколку сте во брак, со партнерот немате добар однос и размислувате за развод. Водете сметка за стомакот.

ЛАВ

Имате пред себе можност да напредувате и да дојдете до работната позиција која ја посакувате. Може да се надевате на позитивни околности на ова поле. Потрудете се да бидете фер кон партнерот. Без проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Може да очекувате нови деловни можности кои ќе ви бидат од големо значење во иднина. Одлично се чувствувате кога сте покрај личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос оди во добра насока. Избегнувајте било какви пороци.

ВАГА

Многу сте способни и покажувате завидно ниво на упатеноста во работните обврски. Може да очекувате поволни промени. Нема да имате драстични пресврти на љубовно поле. Засега имате мирен период. Кожата ви е чувствителна.

ШКОРПИЈА

Многу сте отворени во комуникацијата со своите соработници и на тој начин остварувате добри промени на деловно поле. Неопходно е повеќе да се посветите на размислување и планирање на заедничката иднина со партнерот. Потребна ви е масажа.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да успеете да го остварите она што сте замислувале на деловно поле. Судбината ви е наклонета во наредниот период. Доаѓа прилика да запознаете личност која ќе покаже дека сака врска со вас. Проблеми со органите за варење.

ЈАРЕЦ

Поволен ден за почеток на нова работа или склучување на договор кој може да биде многу значаен. Можно е да не сте сигурни дали сте направиле добар избор во љубовта и се двоумите околу промените. Здравјето е во ред.

ВОДОЛИЈА

Сѐ се одвива мирно на деловно поле. Може да очекувате ден во кој нема да имате поголеми проблеми на работа. Многу сте заљубени и уживате во заедничките моменти кои ги поминувате со саканата личност. Можна е вртоглавица.

РИБИ

Може да ја искористите ситуацијата во која се наоѓате и да остварите значајно напредување. Помало заладување на односите помеѓу вас и саканата личност полека стапува на сцена. Ве очекува период на промени во врската. Не сте во кондиција.

Прегледи:
744
Објавено на:
02.09.2019