Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Денес Овните ќе запознаат влијателна личност која ќе им биде од голема помош, Близнаците ќе чувствуваат непознат страв, расположението ќе им се подобри при крајот на денот, а Лавовите ќе имаат корист од некоја непријатна ситуација..

 

ОВЕН
Денес е ваш ден, ќе бидете благословени. Вашето трпение е зголемен а со тоа ќе бидете повеќе фокусирани на работата. Ќе запознаете влијателна личност која ќе ви биде од голема помош.

 

БИК
Вашата духовна личност денес ќе исплива на површина. Ќе посакате да направите донација во добротворни цели. Вашата добра карма ве води на вистинскиот пат, ќе ги пребродите сите потешкотии. Ќе поседувате моќ да ги шармирате сите околу себе.

 

БЛИЗНАЦИ
Денес во вас ќе преовладува некој непознат страв и тоа ќе ве направи нефункционални. Ќе мислите дека не можете да верувате никому. Пронајдете активности кои ве смируваат, при крајот на денот ве очекуваат пријатни мигови и подобрување на расположението.

РАК
Денес ќе правите планови со вашето семејство. Вашата загриженост околу финансиската состојба ќе биде надмината после неочекувана добивка. Ќе останете во добро здравје грижејќи се за себе така што ќе си обезбедите време за одмор и релаксација.

 

ЛАВ
Денес ќе откриете нешто кое ќе ве натера да сфатите дека некои луѓе долго време сокривале важни нешта од вас, но сето тоа ќе го прифатите на доста смирен начин. Ќе ја насочите ситуацијата кон ваша корист.

 

ДЕВИЦА
Денес месечината е на ваша страна, можностите за подобрување на финансиската состојба пристигнуваат. Ќе им се вратите на вашите активности кои долго време сте ги ставале во втор план. Нема повеќе изговори, ќе бидете фокусирани и решителни.

 

ВАГА
Немојте да ги обвинувате другите за вашиот срам. Немојте да ја префрлате вината на другите затоа што нема да ја решите ситуацијата без нивна помош. Бидете искрени и реални. Некоја блиска личност ќе се обиде да ве изневери, внимавајте кога споделувате лични информации.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете доста оптимистички настроени и ќе поседувате магнетизирачка енергија која ќе ги импресионира сите околу вас. Ве очекуваат светли денови оваа недела што најавуваат конечно излегување од долгиот мрачен тунел во кој сте биле. Надежта постои, бидете трпеливи.

СТРЕЛЕЦ
Ќе се двоумите околу некои професионални одлуки кои треба да бидат донесени, ќе сакате да ја префрлите одговорноста на другите, но морате да знаете дека некои од нив е најдобро да ги решите самите. Колку побрзо донесете заклучок толку подобри резултати ќе ве очекуваат.

ЈАРЕЦ
Ќе се стремите кон создавање на сигурна иднина и осигурување на вашиот емоционален живот, немотје да брзате, не може се да се случи одеднаш. Размислете добро пред да донесете решение. Некој ваш близок може да ви помогне.

 

ВОДОЛИЈА
Денес ќе сакате да се разгалите сеебси а тоа може да ве доведе до неочекувани и нерационални трошоци, внимавајте. Ако сте премногу фокусирани на минатото, можеби не забележувате но пропуштате златна шанса, држете ги очите отворени.

РИБИ
Денес ќе размислувате за вашите чувства и ќе се прашувате себеси дали тие се реални. Ќе копате по минатото и ќе барате одговори на некои прашања. Доколку сметате дека треба да донесете некоја одлука во врска со љубовниот живот, направете го тоа така што ќе го послушате своето срце.

 

Прегледи:
747
Објавено на:
04.08.2020