ОВЕН
Денес ќе бидете сконцетрирани да ги извршувате работните обврски навреме, се ќе оди според планираното. Среќата ќе биде на ваша страна доколку работите тимски, ќе успевате да водите и сите ќе го слушаат вашиот збор.
Ако сте сингл, очекувајте порака или телефонски повик кој ќе ве возбуди.
БИК
Денес ќе бидете инспирирани да размислувате како да бидете уште поуспешни а ѕвездите ќе ви бидат наклонети. Можно е да дојдете до некоја идеа која ќе ги воодушеви вашите соработници. Ќе успевате да привлекувате позитивни нешта со вашата аура, можно е изненадно да се заљубите.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе бидете полни со страст и мотивација во секое животно поле. Очекувајте ново познанство или личност која ќе ви ги разбуди емоциите доколку долго време сте биле сингл. Размислувате како да го подобрите физичкото здравје? Можеби е добро да почнете од воведување на здрава исхрана.
РАК
Денешниот ден за вас ќе биде полн со изненадувања. Некои Ракови ќе добијат понуда за брак, на некои ќе им биде понудена нова деловна зделка. Очекувајте многу пријатни нешта. Некој совет од блиска личност ќе ви помогне да донесете одлука кога се во прашање чувствата.
ЛАВ
Среќата се крие на најнеочекуваното место. Вие сте лидерот денес и сите ги следат вашите чекори. Денешниот ден ќе биде доста возбудлив за вас затоа што ќе сакате да испробувате нови нешта, можно е да откриете страст кон некое ново хоби. На љубовен план направете смел чекор, чувствата ќе ви бидат возвратени.
ДЕВИЦА
Венера, планетата на љубовта е во вашиот домен, очекувајте изненадно некој да ви изјави љубов. Полни сте со самодоверба кога е во прашање работата а тоа го забележуваат сите, некои посакуваат да се на ваше место. Амбицијата ве води а среќата е на ваша страна. Можно е патување.
ВАГА
На љубовните врски гледате како на еднострана зделка, очекувате да добивате но да не нудите ништо за возврат. Морате да го промените ова размислување затоа што на вашиот партнер му пречи вашето однесување. Нема да се согласувате околу некој проект на работното место и веројатно ја имате правилната одлука.
ШКОРПИЈА
Денес ќе зборувате отворено и директно, тоа може да ги повреди нечии чувства, дури и да оддалечи некои личности од вас. Можеби не се гледате себеси како шеф но би биле одличен лидер. Вашите конкуренти чувствуваат дека сте преголем „залак“ за нив.
СТРЕЛЕЦ
Вашето чувство за правда ви помага да донесувате правични одлуки кога е во прашање работата и љубовниот живот, вашиот партнер смета на вас и се потпира на вашиот суд. Можеби треба малку да одморите од напорната работа. Бројот 3 денес ви носи голема среќа.
ЈАРЕЦ
Денес вие сте најмудриот знак во хороскопот, Меркур е на ваша страна е тоа ќе ви помогне да ги постигнувате сите нешта кои ги посакувате преку комуникација. Успешно ќе ги менаџирате финансиите и другите ќе бараат ваш совет. Доколку сте во врска која веќе долго време е несигурна, очекувајте нештата да се зацврстат.
ВОДОЛИЈА
Ќе треба да направите некој избор, исходот ќе биде позитивен. Правите напредок на работното место и тоа ве задоволува. Љубовниот живот стагнира, нештата се движат доста бавно и тоа ве иритира. Ако сте сингл, некој од вашето опркужување веќе долго време ве посматра.
РИБИ
Денес Сонцето ќе ви го осветли патот кон вистината. Ќе успевате да откривате се онака како што е и тоа без нималку напор, никој нема да може да ве лаже. Некој ваш колега или пријател постојано ви се смешка но вие не ги разбирате сигналите. Ќе бидете изненадени од нешто кое ќе ви се врати од минатото.