Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Јарецот работи напорно, Водолијата има проблеми со бубрезите, Стрелецот е во проблематична љубов, Овенот е чувствителен.

ОВЕН

Склони сте кон правење помали грешки кога станува збор за работата па би требало да се потрудите да ги избегнувате. Можно е многу лесно да се впуштите во флерт со новата личност која ќе ги покаже своите емоции. Внимавајте на здравјето.

БИК

Ве очекува многу добра деловна прилика која може да ја искористите за да напредувате во иднината. Се двоумите и не сте сигурни каква љубовна одлука треба да донесете. Дајте си време. Проблеми со грлото.

БЛИЗНАЦИ

Имате впечаток дека во деловното опкружување постои некоја личност против вас и вашиот деловен успех. Не ви се допаѓа тоа што саканата личност покажува многу голема доза на љубомора во односот со вас. генерално се чувствувате добро.

РАК

Денешниот ден ви е поволен за тоа да прифатите некои проекти кои ве чекаат одамна. Имате малку поголеми очекувања и не сте сигурни на кој начин треба да се поставите за да ги остварите сите цели со саканата личност. Нервната напнатост е нагласена.

ЛАВ

Доколку сте планирале соработка со личност од вашето минато, може да бидете задоволни со денешниот ден и околностите. Ако сте слободни ве очекува ново познанство. Ако сте во врска ќе бидете задоволни. Можна е вртоглавица.

ДЕВИЦА

Ве очекува малку потежок ден во кој нема да ви биде едноставно да ги решите сите деловни проблеми и компликации. Партнерот отворено ќе покаже дека сака да биде во сериозна врска со вас. Потребен ви е одмор.

ВАГА

Се препорачува денес да го дадете својот максимум за да се посветите на работата. Одговорноста која ја имате треба да ја сфатите сериозно. Ќе успеете да остварите добар однос со партнерот и ќе бидете задоволни. Здравјето е генерално во ред.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате позитивен ден во кој ќе успеете да решите многу деловни обврски. Дистанцата помеѓу вас и саканата личност се зголемува и сѐ потешко ви паѓа тоа што гледате дека доаѓа крајот. Проблеми со грбот и кичмата.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за патување или било какви ризици. Може да дојде до некои потешкотии на работа. Ви се допаѓа личност која е на некој начин неискрена кон вас. Проблеми со циркулацијата.

ЈАРЕЦ

Вложувате голем напор во својата работа и многу ви е важно да го остварите својот максимум. Несигурни сте во својот емотивен избор и некогаш ви се чини дека требало да донесете поинаква одлука. генерално солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Можно е да имате некои помали кочници на деловен план и да ви е потребно многу време за да ги решите. Саканата личност ќе покаже дека искрено и се допаѓате и сака вашиот однос да напредува. Бубрезите ви се остеливи.

РИБИ

Можно е да имате проблеми во комуникацијата со соработниците и дека ќе наидете на неодобрување. На љубовно поле ве очекува добар однос со личност која ќе покаже дека и се допаѓате. Пад на имунитетот.

Прегледи:
803
Објавено на:
03.10.2019