Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ДЕКЕМВРИ 2021 ГОДИНА

Близнаците се фокусирани на финансиите, Раковите треба да бидат активни, Вагите се сосема добро.

ОВЕН

Водете сметка да не бидете сам себеси најголем непријател. Лесно може да се впуштите во кредити или позајмици. Партнерот е очаен, бидејќи со своите критики и расправии го доведувате до незадоволство. Можни се промени на кожата. Посетете дерматолог.

БИК

Не реагирајте на провокации. Важно е да научите лекција од ситуацијата. Бидете смирени и сконцентрирани. Не покажувате доволно емоции и внимание кон партнерот. Можни се проблеми со килограмите. Променете го режимот на исхрана.

БЛИЗНАЦИ

Моментално сте најмногу фокусирани на финансиско поле. Може да очекувате исплата на пари за работа која сте завршиле пред неколку месеци. Со својот тврдоглав став на некој начин ја гушите љубовта. Потребноо е да бидете пофлексибилни. Можни се вирусни инфекции.

РАК

Неодлучни сте и немате добра организација. Потребно е да се фокусирате на приоритетите, да си одредите една цел. Покажувате љубомора и посесивност во односот со саканата личност, а тоа не може да донесе ништо добро. Подобрете ја кондицијата. Бидете активни.

ЛАВ

Не ширете информации кои не се проверени. Може да ви се вратат како бумеранг. Имате прилично необичен вкус и избор на партнер. Вашата околина не се сложува со врската во која влеговте. Потребна ви е релаксација. Нервозни сте и напнати.

ДЕВИЦА

Потребно е да ја подобрите комуникацијата со деловното опкружување. Важно е да бидете фер кон сите. Не покажувате доволно емоции, воздржани сте и тоа го збунува партнерот. Бидете поотворени. Проблеми со органите за варење.

ВАГА

Многу очекувате, а малку вложувате во работата. Тоа не може да води кон успех. Посоветувајте се со личностите на кои им верувате. Нивната помош многу ќе ви значи. Очекувате партнерот да го промени ставот кој го има. Не сакате први да попуштите. Здравјето е сосема добро.

ШКОРПИЈА

На работното место знаете да бидете многу ладни. Постојат многу луѓе кои ви завидуваат. Интуитивно ги чувствувате желбите и потребите на партнерот, станавте многу блиски. Се трудите да му ги исполните сите желби. Чувајте се од можни повреди. Обрнете внимание на сообраќајот.

СТРЕЛЕЦ

Ќе имате бројни конкретни случувања и можности јасно да ги дефинирате деловните односи. Делува дека комуникацијата со партнерот е многу заладена, како да планирате сѐ однапред без спонтаност. Тоа ви носи немир и потреба да го завршите овој однос. Внимавајте на крвниот притисок.

ЈАРЕЦ

Можни се критики од шефовите, бидејќи не сте доволно ангажирани на работните задачи. Романтично сте расположени и сакате да поминете пријатни моменти со саканата личност. Поминувајте што помалку време пред тв екранот, а повеќе во природа.

ВОДОЛИЈА

Ви недостасува сигурност. Трошите повеќе отколку што заработувате. Поради тоа, може да имате проблеми подоцна. Размислувате дали направивте правилен избор на партнер. Почнува да ве нервира сѐ повеќе. Потребни ви се вежби за истегнување. Имате проблеми со кичмата.

РИБИ

Немате голем избор во моменталната ситуација. Неопходно е да се прилагодите на околностите кои се наметнуваат. Внатрешната несигурност и незадоволство ја нарушуваат вашата емотивна врска. Ќе ви годи краток престој во природа во друштво на пријателите.

Прегледи:
1130
Објавено на:
08.12.2021