Категории

СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Овенот добива многу љубов, Ракот е под стрес, Јарецот ужива во авантурите со саканата личност.

ОВЕН

Партнерот ви дава многу љубов поради која блескате. Се гледа дека сте задоволни и исполнети во секој момент. Зрачите со убавина. Тоа што во последно време постојано доцните на работа не им дава право на колегите да зборуваат лошо за вас. Им паѓа во очи фактот дека шефот постојано ве толерира. Не обрнувајте внимание, насочете се кон себе и својот личен напредок.

Ако сте сами, овој месец нуди вистинска можност да најдете идеален партнер. Можеби на прв поглед тоа не ви изгледа лесно, но понекогаш љубовта е поблиску отколку што мислиме. Некогаш блиските пријатели нин даваат совети кои не ги применуваме на вистинските личности. Не го раздвојувајте пријателството од љубовта, ако ви е партнерот најдобар пријател вие сте во идеална позиција која ја посакуваат многу луѓе.

Имате проблем со опаѓањето на косата и тоа ве загрижува. Не грижете се толку, причината можеби е и наглата промена на временските услови. Внесувајте повеќе витамини. Цел живот сте замислени и безнадежно наоѓате погрешна љубов. Преовладува чувството дека не постои вистинска љубов за вас. Но, бидете трпеливи љубовта ќе ве пронајде сама.

БИК

Иако некои работи ве спречуваат во она што сакате да го постигнете, вие без проблем ги извршувате. Потоа се чувствувате исполнето. Уживате во работата и тоа ве опушта. Се чувствувате добро и горди сте на физичката кондиција која ја поседувате. Часовите поминати во напорни тренинзи конечно се исплатат. Свесни сте дека многумина се љубоморни на вас поради вашиот успех, но тоа ви дава сила да продолжите понатаму.

Партнерот тотално ја изгуби довербата во вас. Начинот на кој се однесувате кон него доведе до оваа ситуација. Се обидувате на сите начини да ја вратите довербата, но овој пат тешко дека ќе ви успее. Ќе ви биде потребен голем труд за да ја повратите довербата и љубовта. Ќе биде потребно повеќе време, но ако навистина го сакате тоа потрудете се.

Колегата кого го менувавте подолго време се врати на работа и не е многу задоволен со вашата работа. Многу задачи останаа нереализирани и поради тоа сега сте во незавидна позиција. Сепак, во длабочината на душата се надевавте дека нема да останете долго на ова место затоа што не се вклопивте најдобро.

БЛИЗНАЦИ

Емоциите потполно владеат со вас. Уживате во секој ден поминат со вашиот партнер. Љубовта одеднаш ви го разубави животот. Но, потајно се плашите да не ве загуши. Јасно ви е дека заљубеноста не трае вечно и дека подоцна кога емоциите ќе се стабилизираат може да уживате со партнерот на малку позрел начин.

Никогаш не успевате да ги извршите своите обврски. Тоа и најчесто ве нервира. Полека губите трпение. Организација е она што ви е потребно. Обрнете повеќе внимание на ситниците ки ќе ви помогнат подобро да ги распоредите обврските. Не се потпирајте многу на вашите најблиски и тие имаат свои обврски кои мора да ги завршат, преземете одговорност и направете сѐ сами за да не ве прогласуваат за неодговорни и неспособни.

Чувствувате притисок, но тоа не го покажувате никому затоа што се плашите дека сите ќе помислат дека сте слаби и не сте способни. Не сте семоќни, имате право да се чувствувате тажно и изморено, не може во секој момент да бидете насмеани и расположени и вам некогаш ви е потребна поддршка.

РАК

Иако сте многу расеани и под стрес, не дозволувајте животните и семејните проблеми да влијаат на вашата продуктивност во работата. Дајте сѐ од себе, вие заслужувате повеќе. Можни се проблеми со главоболка. Одморајте повеќе и наспијте се добро. Консултирајте стручно лице за совети како ментално да се опуштите. Размислете за медитација и релаксација на мускулите.

Љубовта секогаш ја земавте здраво за готово. И како млади и во постарите години, љубовта секогаш ви била на дофат и сметавте дека вечно ќе трае. Сепак, како што поминува времето, полека сфаќате дека вистинската љубов ве заобиколи и полека ве фаќа паника за тоа. Никогаш не сте почувстввале вистинска љубов, да патите за некого и да ви недостига, да не можете да функционирате без него и тоа сакате да го искусите барем еднаш во животот.

Проблеми со дишните патишта. Упорната кашлица ви задава многу проблеми и непроспиени ноќи. Изгледа дека се наоѓате во период кога речиси ништо не ви оди од рака. Размислете за одмор каде што ќе се опоравите и ќе ги собрете мислите и емоциите. Можни се некои здравствени проблеми на нервна база и ситуацијата да биде малку покомплексна отколку што очекувавте.

ЛАВ

Понекогаш се плашите да го изнесете своето мислење пред вашиот партнер. Се плашите дека тоа ќе доведе до кавга и односот нема да биде како претходно. Поради тоа сте секогаш несигурни во разговорот со партнерот. Ја добивте работата од соништата и пред вас се отвора пат за многу можности. Следете ја својата интуиција и сигурно ќе успеете. Не плашете се да бидете храбри.

Во суштина се чувствувате многу добро. Повремено чувствувате блага нервоза. Поминувајте повеќе време со драги личности во опуштена атмосфера. Со време ќе научите да ја контролирате нервозата и да ја сведете на минимум. На ваша голема жалост, ставивте крај на долгогодишна врска. Не можете да се помирите со тоа иако сте свесни дека не можеше да биде поинаку. Патите и вие и парнерот, но времето лечи сѐ.

Ослабен ви е имунитетот и тоа е причина за чести настинки. На претходната работа извршувавте задачи кои ви го загрозуваа животот и потребно ви е време да се оправите. Не вреди сега да се жалите, јасно е само дека ќе изгубите време и нерви.

ДЕВИЦА

Работата на која одите и кој е вашето секојдневие и рутина апсолутно не ве исполнува. Полека но сигурно губите мотивација и посакувате промена на работното место. Здравјето ви е нарушено, премногу никотин и статичност доведуваат до тоа да се чувствувате уморно и слабо. Под итно променете го начинот на живот додека сѐ уште не е доцна. Нервозни сте.

Во животот ви се меша трета личност. Партнерот не е имун на сѐ почестите додворувања. Подобро разговарајте со него за да ја зајакнете врската. Во секоја врска порано или подоцна доаѓа до заситување, тоа е нормално, но разликата е во тоа што некои луѓе можат да се помират со тоа додека други сакаат да седат на две столици, а тоа дефинитивно не е фер кон вашиот партнер.

Некогаш секојдневно добивавте пофалби на сметка на вашиот изглед, но во последните неколку месеци се опуштивте и тоа се гледа. Нездравиот социјален живот зема залет и ќе биде сѐ полошо ако не се тргнете и не се вратите на вистинскиот колосек. Намалете со консумирањето алкохол.

ВАГА

Не е животот бајка, па сѐ да се одвива онака како што ќе замислите. Напротив, во поголемиот дел од случаите нема да биде онака како што сакате, а тоа што досега го остваривте е само сплет на околности, а не само ваша заслуга.

Емотивно сте изцрпени и секој момент сте подготвени да побегнете од сите и никогаш да не се вратите. Се трошите до максимум, а не добивате ништо за возврат, за вас е целиот живот борба која не завршува и трае, месеци, години. Ни овој месец нема да бидат работите многу подобри, единствената светла точка на крајот од тунелот може да ве дочека на крајот на месецот ако сѐ оди по планот.

Проблемите со грлото по којзнае кој пат ви го отежнуваат спиењето и функционирањето во текот на денот. Најдобро е да проверите дали станува збор за алергија или нешто хронично.

ШКОРПИЈА

Личноста на која и припаѓа вашето срце не ве приметува. Не е заинтересирана за флерт ниту пак за сериозна врска. За да не се повредувате повеќе, побарајте нова љубов. Бидете сигурни дека постои, потребно е само малку повеќе трпение. Не губете надеж. Понекогаш љубовта ви е пред очите, но вие како да не гледате најдобро. Сепак, имате многу пријатели кои имаат емоции кон вас, тие емоции не се обострани и тука ништо не може да направите со сила.

Успешно ја реализиравте работната задача и горди сте на себе. Вложивте многу труд. Излезете на пијалок со друштвото да прославите. Сепак, не се опуштајте премногу затоа што во иднина ве чека период со напорни работни обврскии нема да имате многу време за релаксација, бидете подготвени за прекувремена работа и помалку време поминато со најблиските.

Можни се проблеми со несоница. Ако не пронајдете природно решение, обратете се кај доктор. Најважно од сѐ е секоја вечер да легнете мирно бе притисок за обврските кои ве чекаат следниот ден.

СТРЕЛЕЦ

Имавте кавга со партнерот и никој од вас не попушта. Сепак, направете го првиот чекор и скратете ги маките. Љубовта е силна и ќе ги победи сите проблеми со заеднички напори. Премногу сте слични и тоа е најголемиот проблем, секој се држи до своето мислење до крај. Мора да балансирате ако сакате врската да ви успее.

Пред вас е голема и одговорна задача. Не сте сигурни дали можете сами да ја извршите и тоа ве плаши. Бидете позитивни. Оптеретени сте со случувањата околу вас и вознемирени сте затоа што не можете да ја совладате ситуацијата. Дишете длабоко и побарајте совет од блиска личност од доверба.

Најчесто се чувствувате добро со повремени главоболки кои за среќа кратко траат. Шетајте повеќе и дишете длабоко. Добро се чувствувате кога сте опуштени. Обидете се почесто да уживате во животот.

ЈАРЕЦ

Некогаш бевте тажни сте бевте сами. Но, сега е тука личноста која секој ден ви го разубавува и развеселува. Отсекогаш сте сонувале за различни авантури со саканата личност и сега ви се пружа таква можност. Бидете среќни, сречата ја прават малите нешта. Оатувајте, правете интресни работи, уживајте во авантурите и квалитетното време со најблиските.

Сите ваши заслуги за успешно завршената работа ги презема вашиот колега додека бевте отсутни. Лошите луѓе се околу вас. Потребно е повторно да се докажувате но, не грижете се и не дозволувајте да изгубите контрола над своите емоции, бидете смирени  и правете се дека ситуацијата не ве погодува ни најмалку.

Не ви одговара промената на климата. Секој ден ви е полош од претходниот. Многу често се разболувате. Посоветувајте се со лекар за терапијата која ви е потребна. Дозолете му на вашиот организам да се прилагоди на временските промени, во спротивно постојано ќе се чувствувате ненаспани и уморни.

ВОДОЛИЈА

Немате среќа во љубовниот живот, но не очајувајте. Последниот партнер кој сте го имале многу ве разочара и не сте подготвени за нови авантури. Ќе биде потребно време за повторно да дозволите некој да ви влезе во животот. Колку повеќе се трудите да остварите квалитетна љубовна врска, толлу препреките се поголеми.

Унапредени сте и се стекнавте со завидно знаење. Дадете максимум од себе, од вас тоа и се очекува. Колегите ве сакаат и почитуваат. Не ја изневерувајте нивната доверба. Од друга страна, колегите ви подготвуваат големо изненадување кое најмалку не сте го очекувале.

Полека губите волја за да се бавите со физичка активност. Времето никако не ви оди од рака и иако очекувавте дека ќе добивате комплименти на сметка на својот изглед досега не ги добивате.

РИБИ

Се сакате со својот партнер и не дозволувате да настанат проблеми. Среќни сте и задоволни. Толкаво внимание и љубов одамна не сте почувствувале. Уживате во новата врска и не ве интересираат коментарите од другите, само сакате да отпатувате некаде со саканата личност и да заборавите на проблемите.

Секој ден на работа е едноличен но ве држи тоа што друштвото ви е интересно и секогашимате многу теми за разговор. Сепак вие сте тука само од една причина, а тоа е да заработите за плата. Овој месец вашата енергија ќе варира од ден на ден.

Доколку од време навреме се чуствувате уморно и ако тогаш не сте во состојба да размислувате логично, организмот ви говори да не претерувате со шеќер ниту пак со масна храна.