Категории

СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Нов месец, нови предизвици! Што го очекува вашиот хороскопски знак во ноември? Дознајте повеќе во продолжение.

ОВЕН

Љубов:

Овните овој месец ќе имаат комплицирани односи со своите блиски. Ќе ви биде доста тешко да го избалансирате вашиот деловен живот со љубовниот.

На оние кои се во врска, ќе им биде малку потешко да направат договори со партнерот заради пребукираниот распоред, и затоа можеби се наоѓаат во судир со партнерот. Важно е да ги смирите вашите емоции и да не реагирате премногу бурно на секоја мала ситница која ве мачи, бидејќи тоа може сериозно да влијае на вашата љубовна врска. Смиреноста треба да биде вашата посилна страна во ноември, ако сакате да напредувате во вашата врска. Со мала жртвување, ќе можете да ја зачувате вашата врска, која има сериозна потреба од внимание овој месец.

Слободните Овни ќе одлучат потполно да го игнорираат љубовниот живот, за да се препуштат кон грижата кон себе. Ова во никој случај не е паметно, особено сега. Излезете од вашиот дом и дружете се, колку и да станува тешко. Не мора да излегувате на љубовни состаноци, туку опкружете се со луѓе кои ве сакаат и се грижат за вас. Ќе ви годи.

Кариера и финансии:

Овој месец ќе добиете напредување на вашето работно место. Вашата напорна работа конечно ќе дојде во форма на покачување, што долго го чекавте. Вашата финансиска состојба овој месец е многу поволна, но погрижете се да избегнете позајмување пари затоа што во никој случај не е добро за вашата идна финансиска состојба. Исто така, обидете се да ги контролирате вашите трошоци и да започнете да штедите за работите што ви требаат и долго размислувавте за нив.

Здравје: 

Сега е вистински момент да почнете да вежбате, за да го зајакнете вашето тело и имунитетот. Вистинско време е за диета и квалитетен тренинг кои многу ќе ви помогне.

БИК

Љубов:

Односите и поврзаноста со другите ќе бидат вашето огледало. Имате можност да научите повеќе работи за себе, да дознаете што мислат вашите блиски за вас, а браковите и врските ќе проаѓаат низ многу важни промени. Нагласокот на седмото поле од вашата карта повеќе ве изложува на погледите на љубопитните луѓе. Некои односи ќе поминуваат низ криза, други ќе се зацврстат. Доаѓа до промени кои не можете секогаш да ги контролирате, но затоа можете да добиете појасни увиди за тоа што ви е важно во блиските односи, ама и кои ситуации не можете да ги поднесете и зошто.

Самците ќе добијат повеќе прилики да го тестираат својот шарм и привлечност, да запознаат некоја личност која ќе им се допадне и со која ќе го поминуваат слободното време. Можеби другата страна нема да се вклопува во вашата визија за идеален партнер, но ако и дадете шанса, би можела да ви покаже дека не е секогаш препорачливо да имате цврсти принципи и да можете да доживеете некои нови искуства и во околностите кои отстапуваат од вашите ставови.

Кариера и финансии:

Одреден немир околу работата ќе биде присутен во вас во текот на целиот месец. Играјте ги паметно вашите потези во компанијата за на крај сите резултати да бидат на ваша страна. Финансиите ќе ви бидат многу поволни овој месец, затоа не треба да се грижите.

Здравје: 

Здравствената ситуација ќе биде добра. Имате внатрешна сила, отпорни сте на вирусите и бактериите, но она што понекогаш ќе ви недостасува е внатрешниот мир и спокојство. Иако од надвор ќе изгледате прибрано, во вас ќе вриете од немир, интензивни емоции, а како резултат на тоа помалку ќе спиете.

 

БЛИЗНАЦИ

Љубов:

Во текот на претстојниот период работата ќе има најважна улога. Љубовта за некое време ќе остане настрана, а нови настани во однос на тоа прашање се очекуваат после 16 во месецот. Се наоѓате во момент кога не можете повеќе да бегате, да се криете и да одложувате. Време е да се соочите со сенките на минатото, да го промените тоа што не ви е по волја и ве држи заглавени во една точка.

Па, ако се наоѓате во љубовен триаголник или ако личноста која ви се допаѓа не може да ви го пружи она што вие го барате од неа, ќе дојдете до заклучок дека е време да продолжите понатаму. Ако се двоумите и ако ги оставате работите да бидат такви какви што се, и покрај незадоволството, многу е веројатно некои непријатни случувања да ве присилат на тоа.

Енергијата на планетите укажува на тежнеење кон совршенство, а потрагата за личност која би можела да одговори на вашата слика во умот, би можела да биде тешко остварлив идеал. Подгответе се на промени во последната недела од месецот.

Кариера и финансии:

Вашата кариера ќе биде во фокусот до 23 ноември, па препорачливо е вашите цели на професионален план да ги реализирате до тој период. Ако имате слобода да донесете финансиски одлуки, не сте во ситуација да преземете каква било активност во поглед на финансиите.

Здравје: 

Кога е во прашање здравјето и формата, ноември е необично важен месец. Ќе забележите дека со секој изминат ден се чувствувате се подобро, имате повеќе енергија и нема да се заморувате многу брзо.

 

РАК

Љубов:

Во ноември најмногу ќе се посветите на личниот развој, како и на блиските пријатели и семејството. Слободните Ракови се во одлично љубовно расположение. Се што замислувате на љубовно поле ќе ви се исполни во текот на ноември. Не бидете премногу импулсивни овој месец, трпението ќе ви биде клуч за успех овој месец.

Раковите кои се во врска, треба повеќе да се посветат на својот партнер, во смисла да го ценат неговото внимание и емоции, кое овој месец го добивате во изобилство.

Кариера и финансии:

Подобрување на работа можете да постигнете со внимание и прецизност. Вашата работа ќе ја ценат вашиот надреден и раководството, а вие ќе имате добри изгледи да бидете наградени. Доколку сте во потрага по работа, ќе успеете во текот на овој месец. Што се однесува до финансискиот просперитет, ќе биде фантастичен во текот на овој месец. Забавата и креативноста ќе играат важна улога во заработувањето пари.

Здравје:

Tензијата и напнатоста се вашите најголеми непријатели овој месец.

 

ЛАВ

Љубов:

Овој месец е одличен период за вашиот љубовен живот. Оние што се слободни ќе имаат многу можности за реализирање на романтични врски и тоа главно од забава, додека оние што се во брак или врска ги очекува прекрасен однос со сопругот/сопругата или партнерот/партнерката. Уживајте во овие совршени љубовни мигови.

Кариера и финансии:

Бидете внимателни и работете си ја работата што ви ја дава надредениот. Доколку успешно го реализирате најновиот проект и дадете максимум од себе, ви следува напредување. Вашата работа ќе биде доста ценета од страна на раководството. Ризичните инвестиции ќе ви дадат добар профит, но морате да бидете внимателни кога станува збор за ваквиот вид инвестиции.

Здравје:

Обрнете внимание на исхраната овој месец, и избегнувајте алкохол овој месец. Зајакнете го имунитетот.

 

ДЕВИЦА

Љубов:

Овој месец за Девиците ќе биде доста предизвикувачки месец, ќе имате доста активен љубовен живот. Слободните конечно ќе ја пронајдат својата сродна душа после 15 ноември. Оние што се во врска ќе доживеат напредок во врската. Активни сте на социјален план и тоа ќе ви ја подобри положбата во општеството. Односот со сопругот/сопругата ќе ви биде проблематичен до 23 ноември.

Кариера и финансии:

Иако моментално вашиот фокус е на друго место, вашата работа, напорот и вложениот труд ќе ви донесат напредок во кариерата. Ќе имате поддршка од вашите колеги и ќе реализирате одличен профит и финансиски развој. Можете да очекувате пари од неочекувани извори. Вашето семејство ќе ве поддржува во работата, па ќе се чувствувате посамоуверено и така ќе настапувате пред колегите.

Здравје:

Максимално складирајте ја енергијата со одмор и релаксација. Пробајте да медитирате.

 

ВАГА

Љубов:

Вагите кои се во врска им престои фантастичен месец во полето на љубовта. Ќе уживате во се што ќе правите со вашиот партнер, а задоволството ќе биде двострано. Компатибилноста со вагите ќе биде хармонична и полна со залет. И двајцата правите компромис за да се усреќите еден со друг. Додека пак, Вагите кои се слободни ќе уживаат во флертување! Ви претстојат многу дружење и попладневни кафиња. Овој месец ќе запознаете некој посебен, кој може да ти биде нешто повеќе наредниот месец.

Кариера и финансии:

Патот кон професионалниот развој во текот на овој месец ќе биде составен од помагање на другите да постигнат успеси во својата кариера. Кариерата ќе биде активна во текот на првата и последната недела од месецот. Ова е одличен месец во поглед на вашата можност за заработка. Вашата финансиска интелигенција е доста добра и сте во можност да ризикувате.

Здравје:

Ова е одличен месец да се оттргнеш од алкохолот и брзата храна. Здравиот начин на живот доста ќе ви годи.

 

СКОРПИЈА

Љубов:

Додека се во потрага по своите финансиски цели, некои скорпии ќе го пронајдат својот партнер. Партнерот може да биде вклучен во финансиската кариера. Односот со вашата сакана личност ќе биде пријатен, а вашиот партнер ќе вложи дополнителни напори за вие да бидете задоволни. Но, потребно е и вие да му обрнете внимание, за подоцна да нема расправии и несакани моменти. Слободните Скорпии ќе бидат особено самоуверени и сигурни, па ќе се обидат да „уловат“ некоја личност на која одамна се спремаат да ѝ пријдат.

Кариера и финансии:

Ќе напредувате одлично на полето на работата овој месец и покрај вашиот фокус кон емоционалните фактори. Ќе го подобрите вашиот статус на работа заедно со финансиска награда, а вашите колеги ќе бидат малку љубоморни на сето тоа, па затоа внимавајте некој да не ви работи зад грб.

Здравје:

Сега е вистинско време да се одморите. Погрижете се секој слободен момент да го искористите за одмор. Во текот на месецот, несоницата може да биде присутна затоа почнете да медитирате.

 

СТРЕЛЕЦ

Љубов:

Љубовта е активна во текот на овој месец со големи романси на повидок. Ретроградните планети ќе ви создадат проблем во вашиот љубовен живот по 24 ноември. Ќе се соочите со прилично лоша расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Важно е да ја смирите топката и разумно да разговарате и да пронајдете заедничко решение.

Кариера и финансии:

Доколку барате нова работа, ќе имате добри шанси да ја добиете. Според вашите професионални вештини, ќе бидете во можност да добиете доста добри понуди. Би можеле да добиете пари од ризични подвизи, но треба да внимавате. Во состојба сте да реализирате финансиски напредок поради вашиот ентузијазам и енергија. Иновативните вложувања носат пари и висок статус во општеството.

Здравје:

Потрудете се да го негувате вашиот организам максимално, за да имате енергија за се што следи во иднина. Здравиот сон исто така игра клучна улога која ви е неопходна, затоа потрудете се да спиете минимум 8 часа.

 

ЈАРЕЦ

Љубов:

Слободните јарци ќе имаат доста можности за влегување во романтични врски поради влијанието на Венера. Сепак, овие врски ќе бидат само минлива авантура без некое поголемо значење. На оние јарци што се во брак децата ќе им го окупираат целото внимание. Сепак, обидете се да пронајдете време за партнерот.

Кариера и финансии:

Ќе имате добри шанси за подобрување на вашето работно место во текот на овој месец. Вашата финансиска способност ќе биде одлична и ова ќе резултира со зголемување на вашиот потенцијал за заработка. Ќе треба да направите процена на вашите финансиски планови и да одлучите кон кој план ќе се придржувате и кој ќе го реализирате.

Здравје:

Овој месец ќе бидете полни со енергија. Но сепак, внимавајте можно е да ве префати настинка.

 

ВОДОЛИЈА

Љубов:

Вашиот социјален живот станува доминантен по 23 ноември. Пријателите ќе станат составен дел од вашиот живот и вие ќе бидете вклучени во нивните активности и нивните животи. Имате поддршка од сите ваши пријатели во реализирањето на амбициите. Вашиот партнер ќе се обиде да преземе контрола над бракот и со тоа ќе предизвика расправии. Слободните водолии ќе соберат храброст и ќе ѝ се приближат на личноста што долго време ја посакуваат.

Кариера и финансии:

Во втората половина на месецот вашата позиција во општеството ќе се подобри токму поради вашиот статус на работа. Развојот на кариерата ќе се зголеми со користење на вашите социјални способности и добра комуникација. Ќе бидете охрабрени од страна на надредените и раководството за развој на вашата кариера.

Здравје:

Се чувствувате многу добро и задоволно. Треба да се чувате од настинки и грип, посебно во вториот дел од месецот.

 

РИБИ

Љубов:

Ве очекуваат тајни љубовни аспирации, нереализирани желби и шанси што не сакате да ги искористите. По 12 ноември ќе се засили потребата за емотивно внимание, со што ќе се обидете да го подобрите квалитетот на односот со партнерот. Доколку сте слободни, уживајте во новите средби што се во согласност со вашите емотивни потреби.

Кариера и финансии:

Имате поддршка од сите членови во семејството и од надредените во развојот на кариерата. Насочени сте кон вашата работа и во овој процес ги потиснувате сите ваши лични желби. Вашиот акцент ќе биде на вашиот статус и положбата во општеството. Бидете внимателни, бидејќи вашите успеси предизвикуваат љубомора кај околината, па можно е некој да се обиде да ве компромитира или да започне да ви работи зад грб.

Здравје:

Овој месец почнувате да се грижите за своето ментално здравје. Добро наспијте се и почнете поздраво да се храните.