Категории

СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Вашата водечка планета Марс започнува да се движи во директна насока на 13ти ноември, а тоа ќе ви даде чувство дека повторно се враќате во колосек. Ќе се чувствувате ослободени од жестокиот темперамент кој Марс го имаше додека се движеше ретроградно. Ако во изминатите неколку месеци сте чувствувале дека наместо да се приближувате до вашите цели вие се повеќе се оддалечувате, конечно ќе ја повратите вашата самодоверба и ќе се дивжите со полна пареа кон нивно остварување. Наскоро ќе ги вкусите плодовите од вашиот труд. Ќе откриете дека понекогаш форсирањето на некои нешта не е најдобриот начин да направите да се случат.
Од 15-ти ноември започнува момент на ретроспектива. Ќе успеете да откриете каде лежи вашата страст и тоа ќе ве води напред. Сите ви се восхитуваат, искористете го поволниот период на најдобар начин.

БИК
Овој месец врските ќе имаат големо влијание во вашиот живот. Од една страна ќе чувствувате љубовна и хармонична енергија. Месечината од 15-ти ноември ќе ви даде можност да застанете на иста страна со вашиот партнер а тоа ќе ве зближи повторно. Очекувајте уште поголемо зацврстување на врската од 21-ви ноември, некои Бикови можно е да се одлучат за брак. Можно е да прославите со романтична вечера. Поводете повеќе сметка за вашите несвесни навики, некои од нив се причината поради која не остварувате подобри резултати во вашите финансии и бизнис. Времето поминато со оние кои ви значат ќе направи да се чувствувате благодарно и исполнето.
Овој месец ќе биде во знакот на врските. Ќе се обидувате да протолкувате нечии намери. Немојте да ги игнорирате вашите инстинкти. И колку да сте тврдоглави знајте дека понекогаш е подобро да попуштите. Тоа е единствениот начин да добиете се што ќе посакате.

БЛИЗНАЦИ
Меркур, вашата владеачка планета минатиот месец даде се од себе во секторот на вашата работа и секојдневен живот. Веќе од 3-ти ноември го започнува директното движење па ќе се чувствувате повторно полни со елан и подготвени за нови цели и нови остварувања. Од 10-ти ноември доаѓа до зацврстување на ваашта дисциплина и грижа за себе. Вашата енергија ќе биде насочена кон извршувањето на работните задачи брзо и ефективно. Ќе морате да се чувствувате самоуверено доколку сакате да ги остварите вашите цели. Вашата иднина станува поблескава како што се движите спрема новата година.
Полната месечина започнува на 30-ти ноември и ќе фрли светлина врз вас до крајот од годината. Ќе бидете свесни за сите ваши желби, ќе мора да направите некои жртви за да ги остварите.

РАК
Овој месец приоритет ќе ви биде одржувањето на стабилност и сигурност до точка до која ќе чувствувате дека сте се затвориле себеси во кафез. Овој месец очекувајте сигурност во финансиите затоа што нема да бидете премногу отворени кон ризици. Ќе се чувствувате поприватни од било кога и едноставно ќе ви биде тешко да се изразувате себеси и своите емоции пред другите, тие ќе имаат чувство дека криете нешто од нив. Постепено ќе почнете да се отворате и ќе почувствувате поврзаност со луѓето кои ви значат. Од 15-ти ноември ќе бидете посвесни за своите чувства.
Добро е да се посветите на себеси и да издвоите време во самотија на 30-ти ноември кога полната месечина влегува во Близнаци. Ова е идеален период да оставите нешто зад себе. Некоја личност од минатото се враќа, но најдобро е да ја оставите во спомените.

ЛАВ
Во втората половина од октоври влеговта во доста носталгичен период. Во почетокот на ноември ќе се фокусирате на вашето семејство и домот. Ќе чувствувате дека некои нешта кои ви се случиле во домот имале доста големо влијание врз вас и тоа ќе ви помогне да научите и согледате важни нешта и лекции. Присетувањето на минатите грешки и неостварени соништа ќе ви помогне да донесете подобри одлуки во иднина а исто така ќе ви помогне да донесете некоја одлука во врска со некој конфликт помеѓу блиски и роднини. Немојте да дозволите целото ваше внимание да биде насочено кон минатото, наместо тоа гледајте кон иднината, таа ви носи повеќе ведрина.
Полната месечина започнува на 30-ти ноември а тоа ќе ви помогне да го проширите вашиот круг на пријатели и соработници, ќе бидете отворени за нови конеции.

ДЕВИЦА
Ретроградниот Меркур навистина ја извлече сета енергија од вас, правејќи да чувствувате несигурност кога се во прашање вашите задачи и одговорности. Од 3-ти номври доаѓа крајот на вашите фрустрации и првото нешто кое ќе го забележите е подобрување на вашите финансии а тоа ќе ви даде чувство на олеснување. Нова можност за да направите заштеда. Ќе се чувствувате оптимистични и тоа ќе ви годи.
На 10-ти ноември Меркур влегува во вашиот сектор на обврските и задачите. Ќе бидете полни со енергија и елан да ги завршите сите задачи кои ви стојат на листа. Внимавајет затоа што во вашата природа е да ги оставате некои нешта напола завршени. Но не грижете се затоа што ќе имате доста време на претек да успеете во се.

ВАГА
Месец ноември ќе биде значаен за вашите финансии и начинот на кој располагате со нив а тоа ќе влијае на вашето расположение и среќа. Ќе морате да посветите поголемо внимание во нивното менаџирање. Од 10-ти ноември ќе почнете да добивате инспиративни идеи како да ја зголемите вашата добивка, вашиот потенцијал ќе го достигне максимумот. Ќе бидете директни во искажувањето на вашите желби и нема да внимавате што зборувате и дали вашите зборови можат да погодат некого. Новата месечина на 15-ти ноември ќе ги сортира вашите мисли и приоритет а тоа ќе ви помогне полесно да стигнете до целта. Сега е вистинско време да се ослободите од нешта кои не ви служат и да го оставите товарот во минатото. Заменете ги старите нешта со нови.

ШКОРПИЈА
Овој месец ќе пронајдете одоговри на многу прашања кои ве мачат. Сега ќе ви биде полесно да ги насочите вашите приоритети, некои од нив ќе помагаат во одржувањето на вашата приватност. На 3-ти ноември Меркур го завршува своето ретроградно движење во вашиот знак и тензијата ќе биде на високо ниво. Ќе се чувствувате подготвени за нови почетоци. Би било добро одредено време да се држите понастрана од друштвените мрежи и медиумите затоа што некои вести можат да имаат големо влијание врз вашето расположение.
На 10-ти ноември Меркур започнува да се движи во вашиот знак, можно е погрешно да толкувате некои пораки или да реагирате негативно и избувливо кон вашите блиски. Издвојте време за медитација и некој друг вид на ослободување од стресот.

СТРЕЛЕЦ
Во месец ноември бидете подготвени вашата самодоверба да го достигне врвот. Нема да се плашите да го кажувате вашето мислење, но внимавајте затоа што тоа може да повреди чувства на некои луѓе кои особено ви значат. Помеѓу ретроградниот Меркур некои Стрелци ќе бидат особено избувливи и подготвени за борба. 12-ти ноември донесува добри вести, ова е ден кога можете да очекувате подобрување на финансиската состојба, добивка или неочекувано покачување. Со завршувањето на ретроградното движење повторно ќе ја повратите самодовербата, ќе бидете подготвени да остварите се што ќе посакате. Вие сте знак кој е симбол на оптимизмот па очекувајте пријатни мигови и моменти за кои ќе славите.

ЈАРЕЦ
Додека сте под стрес вие сте сурови и им судите на другите, но тоа не значи дека не се грижите туку тоа е начинот на кој ја искажувате својата наклонетост, но тоа може да делува студено во очите на другите ако не водите сметка. На 10-ти ноември Меркур влегува во Шкорпија а тоа може да предизвика чувства на љубомора и параноја. Вашиот партнер може да се однесува премногу интензивно. Немојте да ги сфаќате нештата премногу лично, бидете отворени и искрени за вашите чувства.
Ретроградниот Марс ги стагнираше вашите проекти и напредокот на личен и професионален план. Марс почнува да се движи директно кон Овен на ноември 13-ти а тоа ќе доведе чувство на контрола и креативност во професионалниот и сексуалниот живот. Немојте да ги потиснувате чувствата затоа што тоа ќе се одрази лошо на долгорочен план.

ВОДОЛИЈА
Кога се во прашање врските вие се однесувате прилично кул затоа што сте интелектуален и логичен воздушен знак. Всушност понекогаш се однесувате премногу кул а тоа му пречи на вашиот партнер. Внимавајте на љубоморни испади кога Меркур ќе влезе во Шкорпија на 10-ти ноември. Пристигнуваат позитивни вести во врска со вашиот сексуален живот на 13-ти ноември кога планетата Марс ќе го заврши своето ретроградно движење. Ова е одличен период да се насочите кон себеси. Ако изминативе месеци сте се се чувствувале како да не сте направиле ништо, пристигнува период кога вашиот ум ќе биде преокупиран со нови идеи и желба за започнување на нешто ново. Одберете интересно хоби. На 27 ноември очекувајте позитивни вести во врска со љубовта, можеби нема да сакате да признаете но ќе почнете да развивате чувства спрема некоја личност.

РИБИ
Овој месец ве очекува разгорување на некој стар оган, ќе се чувствувате емотивно и носталгично кон минатото. Ноември ви донесува интензивен почеток. Никој нема да може да одолее на вашиот шарм и ќе флертувате наоколу како вистински професионалец. Доколку сте чувствувате не баш среќни на љубовен план, подгответе се за жешки мигови благодарение на завршувањето на ретроградниот Марс. Мрачната месечина влегува во вашата водечка планета Нептун а тоа ќе ви донесе нови можности и самодоверба да кажете „да“ на се што ви се нуди.Ќе се чувствувате авантуристички и подготвени да го освоите светот. Можно е да се ориентирате кон некое ново хоби, цртање, пеење или свирење на некој музички инструмент. Овој месец ве очекуваат многу значајни пресврти.