Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (27 МАЈ-2 ЈУНИ 2019 ГОДИНА)

Близнаците ги очекува голем успех, Лавот мора да се активира, Вагата го губи трпението.

ОВЕН

Ве очекува многу позитивна недела на работно полее, па може да се надевате дека генерално ќе успеете да ги остварите своите цели. Може да уживате во новото познанство со личност која многу ве привлекува. Јадете редовно.

БИК

Ве очекува фаза која носи мали стресови на работно поле, па поработете на трпението. Важно ви е да ја задржите блискоста со саканата личност за вашиот однос да може да прерасне во нешто посериозно. Пијте повеќе течности.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е генерално позитивна недела, не би требало да очекувате некои посериозни проблеми. Ве очекува контакт со личност која ви се допаѓа, а поврзани сте на некој начин. Чувајте се од инфекции и настинки.

РАК

Неопходно е да прифатите дека доаѓа време за промени на работно поле и дека тоа е за вас на некој начин неопходно. Можеби планирате брак со партнерот со кој сте во врска. Посетете стоматолог поради редовна контрола.

ЛАВ

Пред вас е шанса да преминете на некое подобро работно место. Ќе бидете задоволни кога ќе се оствари унапредувањето. Многу сте и посветени на саканата личност и сакате да и покажете дека таа ви е приоритет. Потребни ви се повеќе активности.

ДЕВИЦА

Ќе дадете сѐ од себе за да ги остварите целите кои сте си ги зацртале на полето на работа и кариера. Потребно е да бидете малку поотворени кон партнерот ако сакате односот да се подобри. Хронични тегоби.

ВАГА

Поработете на трпението како и на својот пристап во односот со деловното опкружување. Оваа недела можен е некој конфликт. Кон саканата личност покажувате доза инат која неа полека но сигурно ја оддалечува од вас. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Оваа недела за вас ќе протече мирно без поголеми промени на работното место. Може да очекувате стабилна состојба на ова поле. Ќе ви се укаже можност за нова љубов. Крвниот притисок варира.

СТРЕЛЕЦ

Можеби ќе се соочите со некои деловни проблеми и нема да ви биде лесно да најдете решение. Се надевате дека ќе се смирите со личноста која ја сакате. Многу е важно и таа личност да покаже дека има емоции кон вас. Чувствителен граден кош.

ЈАРЕЦ

Пред вас е недела во која ќе биде многу важно да покажете дека се залагате за своите идеали. Можно е да мечтаете за личност со која одамна сте ја завршиле љубовната врска. Пред вас е прилично тежок период. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Вашата упорност е квалитет кој ретко кој го поседува. Може да очекувате дека ќе ги остварите своите амбиции. Имате голема желба да ја освоите личноста која ви се допаѓа и ќе дадете сѐ од себе за да успеете. Потребен ви е одмор.

РИБИ

Можни се помали проблеми во комуникацијата со претпоставените. Потрудете се да не бидете премногу тврдоглави. Константната напнатост во вашиот љубовен однос може да доведе до прекинување на врската. Нервниот систем ви е чувствителен.

Прегледи:
649
Објавено на:
26.05.2019