Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА

ОВЕН
Ако сте зафатени, ќе бидете повеќе љубоморни, но обидете се да избегнете какви било сцени. Страстите се силни. Ако сте слободни, можно е ново познанство, а тоа може да биде личност која не е од вашето место.
Бидете вредни оваа недела. Имате вишок енергија. Бидете внимателни на што ги трошите парите и не претерувајте.

БИК
Посветете му се повеќе на вашиот партнер, покажете му колку се грижите за него. Ако сте слободни, на повидок е некоја нова врска. Венера е во областа на партнерството и го поддржува ова. Не расправајте се со другите за пари. Обидете се да постигнете компромис. Имате премногу да направите. Добрата организација е задолжителна. Колегите ќе бидат тука за вас.

БЛИЗНАЦИ
Во љубовната врска сè цвета, можете само да уживате. Оние кои се сингл ќе остварат ново познанство преку работа, но можете да уживате во флерт или во несериозна врска. Не брзајте со одлуки. Фокусирајте се на важните работи, бидејќи прилично сте оптеретени со тоа дали ќе можете да постигнете сè што сте замислиле. Проверете сè што правите повеќе пати. Помлада личност може да ви даде информација што не е точна и со тоа да ви создаде проблем. Вие не треба да донесувате ненадејни одлуки за работата.

РАК
Превземете акција и работете на вашиот партнер. Не дозволувајте врската да ви биде на второто место. Оние кои се сингл, ги очекува флерт. Вие сте страствени, но исто така сакате да бидете во врска. Имате поддршка од соработниците. Потрудете се да ги израдувате сите со вашата работа. Малку сте расеани, но до крајот на неделата ќе се фокусирате на приоритетите.

ЛАВ
Можни се семејни расправии околу парите. Размислете дали можете да купите некои работи што долго време сте ги сакале за домот. Имате волја да запознаете некого и да му дадете шанса за нешто повеќе од познанство. Зафатените нема да имаат промени оваа недела. Одржувајте стабилност во врската. Тешка работа е за вас. Не влегувајте премногу емотивно во сè.

ДЕВИЦА
Вие сте многу позитивни и добро расположени. Сè оди добро за вас, и можете да поминете повеќе време дома со вашиот партнер. Бидете романтични. Кога станува збор за работата, не верувајте им премногу на другите луѓе. Држете се до испробаниот режим. Сега не е време за промени.

ВАГА
Конечно пријдете и на личноста што ви се допаѓа одамна. Направете чекор кон нешто ново, не бидете пасивни. Ако сте зафатени, можни се дискусии. На работа сè оди добро и вие сте презадоволни од приливот на пари. Имате одлична соработка со жените. Ако вежбате уметност или имате приватен бизнис, очекувајте напредок

ШКОРПИЈА
Не одложувајте задачи на работа што ги имате, бидејќи тоа може да ви предизвика многу проблеми. Фокусирајте се на вашите одговорности, но не претерувајте. Ако имате време, видете ги пријателите. Што се однесува до љубовта, сега е време да и се препуштите. Ако сте во врска, страстите ќе се разбудат и ќе можете да уживате со партнерот.

СТРЕЛЕЦ
Ако сте слободни, можна е некоја авантура, но ако не сте подготвени за врска, најдобро е да бидете сами. Обидете се да бидете романтични, бидејќи вашиот партнер би сакал. Ќе имате многу контакти оваа недела и ќе ви биде важно да одите на пократко патување, каде што ќе може да запознаете интересна личност. Вашата работа не е на прво место. Сепак бидете одговорни.

ЈАРЕЦ
Имате добри можности за работа, но не верувајте им на луѓе кои не ги познавате добро. Можни се зголемени трошоци, проблеми со пари или со соработници. Кога станува збор за љубовта, личност што ја познавате веќе долго време покажува дека се грижи повеќе отколку што мислите. Ако сте зафатени, не дозволувајте никој да се меша во вашата врска.

ВОДОЛИЈА
Склони сте на флерт. Стабилизација на врската е можна, доколку сте во врска. Кога станува збор за бизнис, дадете се од себе затоа што вашите шанси за успех се огромни. Не се вознемирувајте што сè не е баш идеално, но обидете се да бидете потемелни од вообичаеното. Е имате помош и поддршка од претпоставените. Постигнат е напредок.

РИБИ
Вие сте многу комуникативни и лесно ги извршувате сите должности. Другите луѓе се голема поддршка за вас. Не сте премногу задоволни од финансиите, но во никој случај не престанувајте да се борите. Бидете отворени за нови деловни можности. Што се однесува до љубовта, направете компромис со партнерот, не влегувајте во дискусии. Ако сте слободни, многу лесно можете да најдете личност која е точно според вашите стандарди, важно е само да сте отворени за врската.

 

Прегледи:
2054
Објавено на:
10.01.2021